Доматите најчесто се користат за салати, кечап и зимница, а ретко за правење сок. Тоа е голема грешка, бидејќи овој сок има благотворен ефект врз целиот организам и е вистинска ризница на здравјето.
A еве и зошто:
1) ПОМАГА ПРИ СЛАБЕЕЊЕ
Влакната во доматите даваат чувство на ситост, па то ќе ви биде од голема помош ако сте на диета.
2) СОДРЖИ МНОГУ ВИТАМИНИ
Свежиот сок од домати е одличен извор на витамините А и Ц. Редовното конзумирање спречува евентуални проблеми со видот, ќе се подобри имунитетот, а ќе помогне за здравјето на забите и коските.
3) ШТИТИ ОД СРЦЕВИ БОЛЕСТИ
Доматите се богати со витамин Б6. Се верува дека витаминот го разбива хомоцистеинот, амино киселина која ги оштетува крвните садови, а со тоа доведува до болест на срцето.
4) ГО НАМАЛУВА НИВОТО НА ХОЛЕСТЕРОЛ
Благодарение на ниацинот, сокот од домати го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, а го зголемува нивото на добриот.
5) ГИ УНИШТУВА СЛОБОДНИТЕ РАДИКАЛИ
Само една чаша сок од домати на ден ќе спречи создавање на слободни радикали во организмот, кои се одговорни за појава на многу болести, па дури и рак. Доматите се одличен извор на антиоксиданси кои може да го спречат дејствувањето и создавањето на слободните радикали.
6) ГО ПОДОБРУВА ТЕНОТ
Можете да пиете сок од домати, но може и да го нанесете на кожата. Тоа ќе ви помогне ако имате проблем со акни и проширени пори.
7) ГО ПОТТИКНУВА ВАРЕЊЕТО
Ако имате проблем со варењето на храната, овој сок сигурно ќе ви помогне бидејќи ќе го олесни варењето на храната и повеќе нема да страдате од запек.