Еве што ќе ви се случи доколку го исфрлите кофеинот од вашата исхрана
Дали можете да замислите ден без кофеин? Обидете се бидејќи тоа ќе биде денот кога вашиот организам ќе се роди повторно!
Доколку денот го почнувате со шолја кафе ќе ви биде тешко да ја пребродите оваа навика, но многу е важно да ја донесете таквата одлука бидејќи на вашиот организам ќе му направите голема услуга. Еве што ќе се случи со вашиот организам доколку го исфрлете кофеинот.
Ќе се чувствувате лошо (некое време)
Подгответе се на тоа дека првите седум до десет дена ќе се чувствувате лошо што е последица на скратувањето на кофеинот на организмот кој се навикнал на него. Можете да чувствувате замор, главоболка и силни промени во расположението. Затоа добро е на луѓето да им кажете дека сте се откажале од кофеин како тие би имале поголемо разбирање за вашата промена на расположението.
Ќе ослабите
Не сме ни свесни колку калории внесуваме со пијалаците кои содржат кофеин. Не станува збор за кофеинот туку за шеќерот кој е додаток во пијалаците кои го содржат овој стимуланс, како на пример газираните сокови, како и некои видови на кафе кои ги пиеме во кафуле и кои се полни со слатки состојки.
А можете и да се поправите!
Кофеинот го гаси апетитот па затоа на почеток ќе почувствуваме поголема глад ако престанеме да го пиеме. Затоа најдобар избор е да пиеме обично црно кафе без шеќер, бидејќи нема состојки кои дебелеат.
Ќе спиете подобро или ќе имате повеќе енергија
Кофеинот кој сте го внесле во организмот може да ви го наруши сонот, па дури и шест часа пред да легнете. Ќе се разбудите изморени и ќе барата повеќе кофеин, па маѓепсаниот круг продолжува. Затоа луѓето кои воопшто не внесуваат кофеин имаат подлабок и поздрав сон од луѓето кои внесуваат кофеин. Додека телото ви се привикнува како да функционира без кофеин најверојатно ќе почувствувате замор, но на долги патеки ќе имате повеќе енергија откако додека пиевте кофеин.
Ќе бидете посмирени
Кофеинот е стимуланс кој го поттикнува нервниот систем и отпуштање на адреналинот што не прави нервозни и подложно на стрес. Покрај тоа ги стеснува крвните садови и го зголемува крвниот притисок.
Ќе имате подобро варење
Познато е дека кофеинот во кафето го поттикнува варењето, но поради високата киселост кафето може да предизвика и пролив. Елиминирањето на кофеинот ќе ви помогне многу во спречувањето на итното одење во тоалет
Ќе ви недостигаат антиоксиданси
Кафето е голем извор на антиоксиданси, елемент важен за работа на целиот организам. Многу студии покажаа дека жените кои пијат кафе имаат помал ризик да заболат од рак на дојката па со пиење на три до пет лажички кафе дневно се намалува ризикот од срцевите заболувања од 21 отсто. Зелениот чај е еден од најголемите извори на антиоксиданси, па доколку сакате да се откажете од кафето и да го намалите внесувањето на чај, тогаш јадете повеќе зеленчук и овошје.