Лосион за убава и негувана коса откако ќе се вратите од море! (РЕЦЕПТ)
Овој лосион го чисти темето и го поттикнува растењето на каста, а потребно е само да ги измешате овие три состојки.
Доколку ви паѓа косата или пак потполно е безживотна, голема веројатност е проблемот да е во темето на косата. Можеби имате слаба циркулација, а можеби едноставно вашите пори на темето се затворени од самите производи кои постојано ги нанесувате на косата или шампонот кој доволно не го миете.
Како и да е, одржувањето на здраво теме е многу важно, а овој лосион кој многу лесном можете да го направите дома ќе ви помогне во тоа.
Што е потребно
4 лажички кокосово масло, 2 лажички исцеден сок од лимон и 1 лажичка сок од цитрон
Начин на подготовка
Во сад измешајте добро се, додека не добиете рамномерна смеса
Како да нанесете
Овој лосион нанесете го на сува коса, но услов е да на косата немате остатоци од лак, пена или сув шампон. Лосионот на темето можете да го нанесете со прсти или со стапче за уши – само запомнете дека ако имате долга коса ќе ви биде многу полесно доколку најпрво со чешел го разделите патецот. Кога темето ќе го прикриете со лосион, добро втријте и измасирајте како би ја поттикнале циркулацијата, а потоа оставете да делува 20 минути. Исплакнете и измијте ја косата како и обично.