Шминка

Подаруваме кармини во бои кои се апсолутен хит за оваа сезона

Advertisement

Официјално се смета дека првиот кармин е направен во 1915, но всушност неговата историја датира од многу поодамна, од ерата на Клеопатра.

Advertisement

Козметичката индустрија денес се обидува да ја задоволи фантазијата на секоја жена помагајќи идеалните усни да станат реалност, па така денес на располагање имаме кармини во сите бои и текстури. Но, тоа не било секогаш така. Во првото столетие пред Христос, кралицата Клеопатра користела цветни екстракти за да добие црвени усни. Векови подоцна, во 13 век во Италија меѓу богатите жени во мода била розовата боја направена од ретки пигменти која тие ја користеле за да се разликуваат од другите сталежи. Потоа неколку векови кармините се табу тема, за подоцна, во еден момент обоените и впечатливи усни повторно да станат пасија на претставничките на понежниот пол.

Денес кармините се неодминлив производ за секоја дама, и повеќето од дамите, без разлика на возраста, не можат ни да замислат да излезат од дома без кармин. Токму затоа денес повторно ќе се задржиме на овие мали нешта за кои слободно можеме да кажеме дека преставуваат „фетиш“ на секоја жена и без кои не можеме да замислиме ниту една женска чанта.

Advertisement

Што се однесува до трендовите, во мода моментално се впечатливите сочни усни кои внесуваат сексапилност и женственост во вашиот изглед, и кога сте на плажа или покрај базен, и кога сте во канцеларија или на жешкиот асфалт.

Must-have боја за оваа сезона

Светлите виолетови нијанси како и прекрасната виолетова боја со розови под-тонови (фуксија) прилегаат одлично на сите девојки и жени, а особено на оние со потемен или исончан тен, карактеристичен за овој период од годината.

Меѓу низата различни виолетови и розови нијанси на кармини оваа сезона посебно се издвојува софистицираната и романтична боја на орхидеја и на цвеќето фуксија. Станува збор за женствена, фатална и интезивна ИТ боја која визажистите ја предлагаат за вашето лице оваа сезона, без разлика на вашиот тен и која одлично ќе се вклопи во вашата летна шминка. Сега е одличен момент да ја пробате оваа боја на кармин бидејќи е апсолутен хит, а доколку ви е потребна мала инспирација како да го направите тоа, погледнете го видеото на модната блогерка Азизе Демиши од Струга.

Наш избор на кармин за оваа сезона

allday21

All Day Lip Color

Наш избор на кармин во овие тренди бои за лето 2015 се двете најнови нијанси на долготрајниот течен карминот All Day Lip Color од Seventeen (All Day Lip Color Exotic Lila No. 20 и All Day Lip Color Exotic Orchid No. 21). Долготрајни интензивни бои, со висока хидратација кои лесно се нанесуваат и не содржат парабени и кои се одличен избор за сите ваши дневни и вечерни авантури.

Мал трик за големи девојки

Ако сакате вашите усни да бидат во центарот на вниманието, искористете го трикот кој ќе ви помогне да го истакнете лицето, но и полесно и поубаво да ги пребродите топлите денови. Сé што треба да направите е едноставно да ја тргнете косата од вашето лице. Доколку ги погледнете моделите на најпознатите модни ревии во светот ќе забележите дека на сите косата им е собрана, а токму тоа ги става усните во преден план и го заокружува целокупниот изглед.

А сега, време е за подароци

Шопинг магазинот Штипка во соработка со козметичката куќа SEVENTEEN на една наша читателка ќе и ги додели како подарок двете нови нијанси на долготралниот течен кармин All Day Lip Color (No. 20 и No. 21). Се што треба да направите за да го добиете подарокот е да ја лајкнете страната на Seventeen (види тука), а потоа да скокнете на нашата официјална страна на Фејсбук (види тука) и да ги следите правилата кои ви се дадени под фотографијата со подарокот.

Кликни на сликата и освој го подарокот »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button