Реклама
Кафе муабет

По 98 години, Конверс одлучи да го смени изгледот на легендарните старки, фановите во паника!

Реклама

Дизајнерите и одговорните во Конверс порачаа дека на овој чекор се одлучиле за да ја подобрат удобноста на легендарниот модел.

По 98 години Конверс одлучи да го промени визуелниот идентитет на легендарните „All Star – Chuck Taylor“ патики, па како што мислат тие, малку ќе ги подобрат.

Маркетинг

Имено, патиките кои го добија името по легендарниот кошаркар на Ејкрон Фајрстоунс , Чак Тејлор, и кои за брзо време станаа култни патики како на светската спортска, така и на алтернативната, па на крајот и на популарната модна сцена, ќе се викаат „Chuck Taylor II“.

Маркетинг

Кендис Свонепул во старки …

Подобрувањето кое Конверс, односно Најк кои се сопственици на Конверс од 2003 година, планираат да го направат се однесува на тоа долниот дел да биде нешто подебел, додека гумената капа ќе остане идентична, а во внатрешноста ќе се наоѓа пената „Nike Lunarlon“. Покрај ова и логото ќе биде во истата боја како и самата патика.

Првата дама на Америка, Мишел Обама во пурпурни старки …

Од Конверс порачаа дека на овој чекор се одлучиле за да ја подобрат удобноста на овој модел, а новите модели ќе се појават на 28 јули во црна, бела, црвена и сина боја. Цените на американскиот пазар ќе изнесуваат до 70 до 75 долари.

{youtube}PWVyPeGaKJ0{/youtube}

Според реакциите на социјалните мрежи, фановите не се премногу воодушевени од овие промени, бидејќи многумина сметаат дека класичниот модел не треба да се менува. Но, од Конверс порачуваат дека и старите модели  ќе останат во продажба.

ПОВЕЌЕ: Најубавите патики за лето 2015 »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button