Трансформирајте го вашиот утрински оброк во нутриционистичка електрана
Станува збор за ситните, но моќни сончогледови семки. Како највисок природен извор на моќниот антиоксиданс витамин Е, ¼ шолја сончогледови семки ја обезбедува речиси целата дневна препорачана вредност. Истата порција обезбедува и 6 грама протеини и 4 грама влакна, како и други хранливи состојки како магнезиум и Б витамини. Значи, со додавање на само ¼ чаша семки во утринските цералии, вашето тело може да ги жнее плодовите од нивното добротворно дејство.
Го подобруваат здравјето на кожата
Сончогледовите семки содржат високо количество витамин Е, така што го поддржуваат здравјето на кожата, правејќи го мазно и меко, особено додека старееме, и го заштитуваат од оштетувањата на слободните радикали. Семките од сончоглед се и добар извор на здрави масти, кои им помогаат на кожата да остане блескава и хидрирана.
Го намалуваат воспалението
Главната причина за многу заболувања е воспалението – но витаминот Е во семките од сончоглед работи на негово отстранување. Истражувањата покажале дека анти-воспалителното својство на витаминот Е е корисно во намалување на ризикот од срцеви заболувања преку чистење на блокираните артерии. Овој ефект на сончогледовите семки во комбинација со мастите здрави за срцето и растителните влакната ви обезбедува совршен пакет хранливи материи за вашето срце.
Го намалуваат ризикот од рак на дојка
Витаминот Е не е единственото нешто што семките од сончоглед имаат да го понудат. Тие обезбедуваат и селен, уште еден антиоксидант кој го стопира размножувањето на канцерогените клетки, особено кога станува збор за рак на дојка. Тоа е затоа што селенот му помага на телото при репарација на ДНК и при детоксикација.
Ги намалуваат симптомите на анксиозност и депресија
Семките од сончоглед може да ви го подобрат и расположението бидејќи обезбедуваат магнезиум. А кога нивото на магнезиум е несоодветно, нивото на серотонин, хормон за добро чувство, се намалува, што некои луѓе ги прави повознемирени или депримирани. (Забелешка: еден начин на кој некои анти-депресивни лекови функционираат е преку зголемување на нивото на магнезиум во мозокот.) Затоа, запомнете дека една ¼ чаша семки од сончоглед содржи третина магнезиум потребен секој ден.