Блејзерите се одличен избор за „полирање“ на вашата комбинација која без проблем би можеле да ја носите доколку треба да одите на работа.
Но, овие парчиња можете да ги носите и кога немате обврски, односно кога сакате да се прошетате низ град или пак да се појавите на некоја летна забава. Еве неколку идеи како најдобро да го направите тоа.
Преку краток топ
Не се чувствувате доволно самоуверено за целиот свет да види како ги носите овие кратки и секси парчиња? Тогаш заокружете ја комбинацијата со блејзер и соблечете го кога ќе имате доволно храброст за да покажете малку повеќе кожа.
Како алтернатива за на плажа
Да, да.. добро прочитавте. Блејзерите можете да ги носите и на плажа, особено доколку викендичката во која што престојувате е крај самиот брег, а вие саката со вашиот изглед да се издвоите и да изгледате уникатно и симпатично. Ова е трик кој го научивме од едиторијалите во модните магазини, а носете го само кога сакате да се прошетате на плажата и кога немате намера да се капете.
Во комбинација со шорц
Не треба да се откажете од вашиот омилен шорц доколку сте во потрага по гламурозен и софистициран look кој сакате да го понесете на жешкиот асфалт. Се што треба да направите е да ги комбинирате шорцевите со маица или блуза и да заокружите со убав блејзер и сандали и модни додатоци. На крајот ќе добиете комбинација која можеби не баш најсоодветна за на работа, но во неа дефинитивно ќе изгледате прекрасно, без разлика дали се подготвувате за прошетка, ручек или шопинг.
Комбинезони или кратки фустани, прашање е сега
Да, да, да.. ова е совршена варијанта доколку ви е потребна комбинација што би можеле да ја направите на брзина и во која ќе изгледате одлично како за на состанок со вашиот сакан, така и за некоја луда летна забава. За пософистицирани комбинации изберете шик блејзер кој ќе одговара со вашиот комбинезон, додека за добар вечерен изглед комбинирајте вечерен фустан и откачени сандали.