Како најбрзо да ослабите: 4 едноставни вежби од по една минута кои ги топат килограмите!
Правете ги овие едноставни вежби по една минута и за многу кратко време ќе се ослободите од несаканиот вишок на килограми.
Издвојте само 4 минути секој ден за овие едноставни вежби и ќе се ослободите од вишокот килограми многу брзо, но исто така и ќе го согорите вишокот калории што сте го внеле во текот на денот!
Познатиот американски фитнес тренер Џим Сејрет разработи сопствен метод за брзо слабеење за сите кои немаат многу време или желба за долги и напорни тренинзи. Тој ги смета традиционалните вежби за неефикасни, а тврди дека неговите вежби овозможуваат согорување на неверојатни 600 калории за само 4 минути, ако ги направите како што треба.
„Ако сметате дека сте во добра физичка форма, можете да се ограничите и само на 2 минути. А можете да правите и вежби во траење од 4 минути секојдневно“, вели Сејрет.
4 вежби кои согоруваат 600 калории
Тренерот ги осмислил овие вежби специјално за луѓето кои многу седат во текот на денот, а во теретана се изморуваат по само неколку минути по почетокот на тренингот. За вежбите да ви станат навика обидете се да ги правите со членовите на вашето семејство.
# Jumping jacks (Скокови со расчекор)
Ова се скокови кои се прават со истовремено ширење на нозете и рацете. Скокнете, а во исто време раширете ги нозете и рацете, а додека „паѓате“ соберете ги рацете и нозете. Повторете ја вежбата десет пати, тоа е сосема доволно.
# Длабоки чучњеви
Застанете така што стапалата ќе ви бидат рамни со рамењата. Испружете ги рацете пред себе на висина до нивото на очите и направете длабок чучањ. Водете сметка притоа да не ги оптеретувате колената – целата работа треба да ја направат нозете и задникот, а колената треба да мируваат. Направете 10 чучњеви.
# Склекови
Сконцентрирајте се, соберете сила и направете десет склекови. Ако стандардните склекови ви се премногу тешки, направете ги на зидот наместо на подот.
# Исчекор напред
Исчекорете напред со левата нога и чучнете на десната, а потоа обратно. Повторете ја вежбата по 10 пати за секоја нога, вкупно 20.
Сејрет препорачува да го правите овој мини сет од вежби секогаш кога ќе имате време, а најмалку еднаш дневно. Вежбите можете да ги правите по 4 пати последователно. Помеѓу повторувањата, треба да направите пауза од 1 минута, така што овој мини сет на вежби можете да го претворите во целосен 20 минутен тренинг. Тој вели исто така дека напорен тренинг во теретана им е потребен само на оние кои сакаат да имаат издефинирана форма, а ако само сакате да изгледате витко, младо и одлично да се чувствувате, вежбање од 20 минути дневно е сосема доволно.
Извор: uspešnažena.com