Шминка

Боја на кармин полна со страст и задоволство која е апсолутен хит за оваа сезона

Advertisement

 По неколку сезони надвор од центарот на вниманието, впечатливите усни повторно се во игра ова лето, а ова особено се однесува на кармините во нијанси на фуксија.

Advertisement

Помеѓу розовите нијанси на кармини оваа сезона посебно се издвојува софистицираната и романтична боја на цвеќето фуксија, посебно таканаречената нијанса Electric Fuchsia.  Станува збор за женствена, фатална и интезивна ИТ боја која визажистите ја предлагаат за вашето лице оваа сезона, без разлика на вашиот тен. Сега е одличен момент да ја вклопите оваа боја во вашата шминка, а доколку ви е потребна мала инсприација како да го направите тоа, погледнете го видеото на модната блогерка Азизе Демиши од Струга.

Азизе е една од најпознатите модни и бјути блогерки во Македонија која ова видео го направи со шминките од Севентин козметика. Погледнете го видеото и ќе дојдете до неизбежниот заклучок дека оваа боја на кармин едноставно изобилува со страст и задоволство и асоцира на прекрасно расположение. Токму затоа ви предлагаме да си набавите барем еден кармин во оваа боја која можете да ја носите како со кежуал така и со свечени комбинации.

{youtube}n_66vSaHaVE{/youtube}

Advertisement

Еве кои производи ги користи Азизе во видеото:

Matte Lasting Lipstick SPF 15 No.32

Азизе во нејзиното видео ја користи новата розова нијанса на карминот Matte Lasting Lipstick No.34 од летната колекција на SEVENTEEN. Станува збор за кармин со долготраен мат ефект на усните во модерна летна нијанса, со заштитен фактор СПФ 15 за заштита од штетните сончеви зраци и збогатени со масло од манго и јојоба за длабока хидратација и нега на усните.

Matt Pluss Liquid Foundation No.01

Течната мат пудра „Matt Pluss Liquid Foundation“ од SEVENTEEN е совршен избор за комбинирана и мрсна кожа. Покривна, долготрајна, со мат ефект и не содржи парабени. Со неа ќе имате чувство на свежина на лицето во текот на целиот ден.

Bronzing Powder No.02

Дочекајте го летото со бронзен тен и свиленкаста кожа со компактната пудра на SEVENTEEN „Bronzing Powder“ наменета за здрав, блескав и исончан изглед. Се става на лицето, рамената и деколтето и е достапен во три нијанси.

The Stylist

Mаскарите во боја се апсолутен хит за ова лето, а во нашите продавници дефинитивно најдобри се маскарите од SEVENTEEN. Па, доколку го сакате смелиот изглед, со доминантно истакнати очи во боите на виножитото, одберете ја вашата омилена маскара во боја The Stylist.

Longstay Eyebrow Shaper Pencil No.08

Mолив за веѓи Longstay Eyebrow Shaper Pencil No.08 – убаво обликувани веѓи со природен изглед. Го има во неколку природни нијанси.

Ако сакате да го разгледате летниот каталог на брендот кликнете тука »

Посетете го блогот на Азизе тука »

Видео: Foto Studio Flash + Flash Production

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button