Во вашата борба со вишокот килограми треба да посветите внимание на вашите навики во врска со исхраната и да воведете некои промени кои ќе ви помогнат да дојдете до саканата цел. Можете да почнете од појадокот …
Велат дека по утрото денот се познава или дека денот треба да го започнете со голема насмевка. Затоа, потрудете се денот да ви биде добар и исполнет од самиот почеток. Наоружајте се со насмевка и позитивни мисли и следете ги следниве правила кои ќе ви помогнат да го израмните стомакот.
1. Не го прескокнувајте појадокот
Појадокот е многу важен и колку и да брзате или немате време потрудете се да појадувате околу еден час откако ќе станете наутро. Правилниот и навремен појадок ќе ви ја обезбеди потребната енергија и ќе ве спречи од прејадување понатаму во текот на денот.
2. Внесете протеини
Ако го почнете денот со протеини понатаму во текот на денот ќе имате помала потреба од храна, бидејќи протеините ќе ве држат сити. Затоа се препорачува појадокот да се состои од јајца, црн леб, кисело млеко или јогурт, или пак некој протеински шејк.
3. Јадете банани
Бананите ќе ви ја обезбедат потребната енергија и ќе го поттикнат излачувањето на хормонот на среќата.
Секако, ако сакате подобри резултати, редовно вежбајте и ограничете ги количините на јаглехидрати што ги внесувате.
Извор:radiosarajevo.ba