Дневно треба да внесете минимум 1200 калории доколку сакате да останете здрави. Еве како би можел да изгледа едно просечно мени на оваа популарна диета.
Токму диетата од 1200 калории се смета за една од најпопуларните диети. Зошто? Па затоа што многу брзо делува, и резултатот од неа се гледа многу брзо. Познатата бројка од 1200 калории е доволна за да не му наштетите на организмот за време на диетата, и вклучува доволна количина на сето она што ви е потребно. Сепак, не треба да се придржувате до оваа диета премногу време. Таа ги исклучува и пијалаците и исхраната. Газирани пијалаци, слатки, производи од бело брашно, тестенини и шеќер.
Важна карактеристика на оваа диета се и редовните, помали оброци. Едно просечно мени треба да изгледа отприлика вака:
8.00 – каша од овес, кафе
11.00 коктел од млеко и банана
13.00 пилешки прсти (можете да ги варите, печете на скара или да ги запечете во рерна) со зеленчук (свеж, во вид на салата, варен или запечен)
16.00 јаболко и една чаша кефир
19.00 сирење или природен јогурт, зелен чај
Како што можете и самите да забележите, оваа диета вклучува месо, овошје, зеленчук, а од пијалаци доволно е да пиете вода и чај. Запомнете дека оптимално губење на тежината изнесува 1 килограм неделно.