Фитнес

Како да дојдеме до совршен стомак

Advertisement

 

Лето е и сите размислуваме за плажа и море, па за да бидете подготвени на време, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја достигнете целта.

Advertisement

Сите знаат дека за да се изгубат вишокот килограми треба да се бавите со спорт и да се држите до ниско калорични диети. Но вие некое време сте на диета, нозете и лицето ви ослабеле, но стомакот останал ист. Проблемот е во тоа што кај жените во пределот на стомакот и струкот се собираат масните наслаги.

Па, зарем тренинзите се бескорисни?

Advertisement

Сигурно сте забележале дека кога правите стомачни мускули не успевате да се решите од масните наслаги на овој дел од телото. Мускулите стануваат посилни, но тие и понатаму се покриени од дебел слој сало. Затоа не се доволни само вежби за сила, туку потребно е и да пливате или трчате, да возите велосипед или да скокате не помалку од половина час и тоа да го правите 6 пати во неделата. Само на тој начин вашиот организам полека ќе почне да ги користи масните наслаги.

По 2 или 3 недели продолжете го тренингот на 45 минути, а потоа нека трае цел час. Пожелно е да не го „разбивате“ времето на тренингот, туку да тренирате цел час. Паралелно со тоа продолжете да правите вежби за засилување на мускулите.

Како да се храниме

Спортот сам нема да го реши проблемот со масните наслаги на стомакот, морате да го смените и вашиот режим на исхрана така што ќе ги исклучите производите од бело брашно и благите производи. Покрај ова однесувајте се одговорно кон консумирањето на храната. Не јадете еден час, час и половина по тренинг, а последниот оброк пред тренинг нека биде максимално 40 минути пред почетокот со вежбањето.

Исто така, треба да запомните дека за да ослабите е тешко, а да ги соберете вишокот килограми е лесно Па доколку сакате да ги зачувате добрите резултати подолг период, размислите добро за вашиот режим на исхрана и обидете се засекогаш да ги исклучите од исхраната намирниците како шеќер, белите пецива и мрсен компир.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button