Реклама
Модни совети

Таа направи три грешки во една комбинација и наместо убаво изгледаше трагикомично!

Реклама

Фластери на брадавиците, пластични обувки кои се неколку броја помали – можеби тоа за Ен Кетрин Бромел беше вистински рецепт за убавина, но тогаш нешто тргна сосема наопаку…

Маркетинг

Германската манекенка и девојка на фудбалерот Марио Гаце не сакаше да го закопча комбинезонот до крај, па ги остави откопчани клучните копчиња. Но во нејзиниот избор на облека ја следеа и други грешки, а еве некои од нив.

Прва грешка

Кога веќе сте ги откопчале клучните копчиња, тоа значи дека сакате да го покажете градите. Половичната намера со фластери да ги сокриете брадавиците не го намалува впечатокот, па дури и спротивно. Кој сака да гледа фластери!?

Маркетинг

Втора грешка

Некои жени често избираат обувки кои се неколку броја помали. Ова го прават затоа што сакаат нивните стапала да изгледаат помали или пак не можат да најдат бројка која им одговара од моделот што сакаат да го имаат по секоја цена. Но во помали обувки со секој чекор стапалата ќе „врескаат“ од болка, па вашето одење нема ни малку да биде привлечно. Ен Кетрин ги одбра токму ваквите обувки, и нејзините високи потпетици со проѕирен пластичен дел покажа колку стапалата се мачеа да останат на место.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА:
Тајните совети од црвениот килим – од лак за коса во високи потпетици, па се до налепници за градите »

Трета грешка

Големото лого на модниот бренд „ Iv Sen Loran “ покажа дека брендираната облека не мора на сиот глас да вреска за своето потекло. Со истакнати имиња на облеката само порачувате дека сте жртва на модата и изгледате како селанка, или во најмала рака како новокомпонирана пејачка, а не како некој што ја познава модата. Стилот е многу повеќе од промовирање на одредени звучни имиња, па доколку не сакате да изгледате смешно, избегнувајте ги ваквите парчиња.

И додека Ен Кетрин целата врескаше од болка поради лошиот избор на облека и се мачеше да ја собере во неа, нејзиниот партнер Марио Геце носеше опуштена и лежерна комбинација во која изгледаше одлично.

Ова е само уште еден доказ дека е подобро да се следи правилото „помалку е повеќе“ отколку да се влегува од грешка во грешка и притоа никогаш не треба да заборавиме дека и лежерните комбинации се сосема ОК. А доколку ви се потребни совети како да изгледате елегантно и сексапилно, и притоа да не ги грешите модните правила, прочитајте некои од нашите модни совети кои ќе ги најдете тука.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА:
Еве како со обична кошула да изгледате како вистинска модна икона »

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button