Ким Кардашиан направи многу девојки да копнеат по моливчињата за очи во секоја нијанса на сино откако ја објави оваа селфи фотографија на Инстаграм.
Ѕвездата се осигури дека нејзината шминка ќе го привлече сето наше внимание со тоа што остатокот од нејзиниот изглед остави да биде едноставен, но со нејзиниот заштитен знак – блескавиот тен и долгата сјајна коса.
Светло моливче е совршена пролетна алтернатива за истакнати усни, со минимална шминка и навлажнета кожа. Ако сакате да го рекреирате стилскиот, но едноставен изглед, еве неколку сини моливчиња за совршено преуредување како Ким К.
За жестока трансформација, обидете се со водоотпорното моливче како што е на пример ова од „Lancome“ во тиркизна боја.
Еве уште една нијанса, овојпат моливчето „Illamasqua’s Eye Colouring Pencil in ‘Debonair“ со кој може да е направи допирот на сината боја.
И на крај, за ултра прифатлив изглед, моливчето „MUA Intense Colour Eyeliner“ во интензивна тиркизна боја кое чини помалку од едно кафе!