Реклама
Модни совети

Еве како со обична кошула да изгледате како вистинска модна икона

Реклама

Некои велат дека кошулата не треба да се носи раскопчана, но јас велам – кој ги шиша таквите „хејтерки“ кои се преставуваат како моралистки.

Станува збор за тренд кој може многу лесно да го носите, а секогаш изгледа заводливо, секи и пред  се женствено. Од друга страна тој не може да остане не забележан од страна на посилниот пол кои сакаат да го видат делот од телото кој веќе го покажувате, но и да се обидат да видат нешто од она што го криете. Покрај ова, доколку го носите овој тренд, многу полесно ќе можете да се соочите со летните горештини, особено во деновите кога надвор температурите се преку 30 степени.

Маркетинг

Маркетинг

Трендот со раскопчани кошули ги освои модните писти во 70-тите години од минатиот век и сега повторно е во мода.

Можете да го носите во софистицирана варијанта и да го постигнете познатиот француски шик кој во последно време се повеќе ги освојува модните блогерки ширум светот, или пак за малку покежуал изглед, да го комбинирате со фармерки, панталони или шорцеви.

Што се однесува до тоа како да го носиме овој тренд, според нас најдобро е тоа да се прави на следниве два начини. Првиот е кошулата да ја носите со градник и со едно или со максимум две откопчани копчиња, кои можете да ги комбинирате со здолниште со молив крој и слободно да ги носите кога одите на работа. Откако ќе завршите со обврските и ќе тргнете на пијачка со пријателките, дозволено е да откопчате уште едно или две копчиња и да изгледате провокативно. Што се однесува до мене, јас сакам да гледам девојки на кои им се гледа и црниот градник под кошулата (кој апсолутно треба да се гледа), но исто така немам и ништо против доколку се одлучите  да ги носите без градник, но ова навистина ретко може да се види на нашите улици.

Станува збор за тренд кој е шик и потполно го содржи оној познат француски шмек, но сепак, доколку не сакате премногу да ризикувате, останете на женствената страна. Обидете се да ја носите кошулата опуштено, подзасукајте ги малце ракавите и ќе бидете подготвени за појадок во некој хотел, забава или на разговор со пријателките.

Откопчана кошула можете да носите и кога излегувате во омилениот ресторан или ноќен куб. Комбинирајте со кожено здолниште или со тесни фармерки и заокружете ја комбинацијата со некои стејтмент високи потпетици. Не заборавајте и на вашиот впечатлив накит кој ќе ви се гледа на вратот.
Можете да комбинирате и со „boyfriend“ фармерки и патики, па дури и со здолниште и фини и секси летни чизми до глужд.

Покрај ова во последно време се поактуелен е и трикот со кој можете да носите стари кошули на апсолутно модерен начин – замотај-и-вовлечи (прочитај повеќе за ова тука). Се што треба да направите е старата кошула да ја замотате околу вашето тело, да ја вовлечете во фармерките или здолништето и boom- имате сосема нов look.

Постојат многу начини на кои можете да носите откопчана кошула и тоа воопшто да не биде вулгарно и претерано. Дали се согласувате со нас?

Топ 10 кошули за лето 2015 »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button