Реклама
Модни совети

Повеќето од нас ова не го знаат – што правиме погрешно со костимите за капење!

Реклама

Раководните лица на познатите компании за производство на костими за капење објаснуваат како што подолго да ги зачувате вашите омилени костими за капење и да ги избегнете вообичаените грешки во нивното одржување.

Маркетинг

Не ретко се случува вистински да се измачите додека да го најдете вистинскиот костим за капење, а кога еднаш веќе ќе го најдете, тогаш треба да се погрижите максимално за да ви трае што е можно подолго.

Раководните лица на познатите компании за производство на костими за капење објаснуваат како што подолго да ги зачувате вашите омилени костими за капење и да ги избегнете вообичаените грешки во нивното одржување.

Измијте ја солта

Маркетинг

Кога ќе стасате на плажа најчесто веќе сте изморени од жешкото време па веднаш одите да се разладите во море, а потоа излегувате и се миете од солта… Истиот третман му е потребен и на вашиот костим за капење. Солта може да го уништи материјалот доколку не ја измиете по секое капење во морето.

Избегнувајте ја машината за перење

Секако дека е најлесно едноставно да ги ставите во машината за перење алишта, но многу подобро ќе ги зачувате костимите за капење доколку ги перете на рака. Перете ги во студена вода и со благ прашок за перење, а доколку немате прашок при рака, одлично ќе ви послужи и обичен шампон.

Жешката вода е лоша за материјалот

Жешката вода го уништува материјалот, па така костимот за капење брзо ќе се развлече и ќе го изгуби својот облик. Токму затоа најдобро е да ги перете со студена вода, а доколку сакате да се капете во базен со топла вода, земете во предвид дека таа лошо делува на ткаенината, исто како и хлорот.

Бирајте полиестер наместо спандекс

Според стручните лица спандексот има пократок век на траење бидејќи влакната се растегаат и пукаат, па вашиот костим за капење ќе се уништи брзо без разлика колку го носите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button