Ако сакате да изгубите некој килограм и да го обликувате вашето тело и ова лето да бидете во топ форма со затегнат стомак и извајани нозете, време е да се зафатите со работа …
Ако немате време или желба да одите во теретана, да трчате или возите велосипед, тогаш најдобра опција за вас е да се потрудите да си определите време во денот и да вежбате дома.
Се што ви е потребно е цврста решителност и дисциплина и резултатите нема да изостанат! Ако правилно и дозледно ги правите вежбите бргу ќе ги видите и првите резултати кои ќе ви бидат мотивација за да продолжите да вежбате и да ја постигнете саканата форма.
За да ви ја олесниме работата, овде ги собравме на едно место најефикасните вежби кои можете да ги правите дома, во време кога сакате – пред или после работа, за викенд … како ви одговара.
Погледнете ги видеата и изберете си барем едно за почеток!
Џилиен Мајклс
{youtube}ZJ8Zdj0OPMI{/youtube}
Ова име најверојатно ви е познато, посебно ако до сега сте вежбале. Станува збор за една од најпопуларните фитнес инструкторки и модели на светот, која со право ја нарекуваат кралица на современиот фитнес. Досега има продадено безберој ДВД-ија со вежби, таа е одличен мотиватор и гарантирано постигнува врвни резултати со клиентите.
Фитнес блендер
{youtube}1919eTCoESo{/youtube}
Едноставно информативно видео со совети од професионални инструктори кое дава мотивација да вежбате секој ден. Многу е корисно и дава добри резултати со тек на времето, а трае само десет минути.
Тифани Рот
{youtube}r_J8btnIEKQ{/youtube}
Овие вежби се одлични доколку сакате да изгубите сантиметри во половината и да го намалите стомакот. Тренингот се состои од кардио вежби, аеробик и танц. Навидум изгледа едноставно, но со овие вежби прилично ќе се испотите и ќе постигнете одлични резултати.
Ребека Боруцки вежба за 4 минути
{youtube}_DfuU3TSsFM{/youtube}
Познатата фитнес и јога инструкторка и мајка на 5 деца ви дава упатства како да бидете здрави и во одлична форма. Таа предлага кратки и интензивни вежби, кои гарантираат одлични резултати ако ги изведувате правилно и дисциплинирано. И сето тоа за само 4 минути дневно! Вреди да се проба, во секој случај.
Сара Фит
{youtube}EXr5go_Ba6M{/youtube}
Во ова видео ќе најдете одлични и едноставни вежби за раце, доколку сте заинтересирани да поработите на овој дел од телото.