Денес би сакале да ви презентираме неколку интересни парчиња од брендот „Банана рипаблик“кои слободно можете да ги облечете за во канцеларија и на сите да им покажете кој е главен.
Еве на пример, погледнете го ова преубаво здолниште со ласерски исечоци кое можете да го комбинирате со војничка кошула и џемпер…
МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ И ОВА:
Топ 25 панталони што ќе ги носиме ова лето »
Или пак жолтиот фустан со фалти во комбинација со рамни сандали со ремче на глуждот и голема чанта во пастелно розова боја. Совршена пролетна комбинација, нели?
МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ И ОВА:
25 фустани за свадби и свечености што можете да ги носите ова лето »
Комбинирајте го ова парче со блејзер и салонки и ќе добиете совршена комбинација за кежуал деловно опкружување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ И ОВА:
Топ 35 кул парчиња од тексас за пролет/лето 2015 »
Доколку пак сакате да го подигнете вашиот стил, тогаш обидете се со кратките широки панталони во бела боја. Комбинирајте ги со тексасна кошула и салонки во смарагдно зелена боја.
МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ И ОВА:
Топ 25 комбинезони кои се одлична алтернатива за летните фустани »
Направете совршена монохроматска комбинација со вашето тренди здолниште на преклопи новите сандали.
Па, што има на вашиот список кога станува збор за облека која можете да ја носите на работа оваа пролет и лето? Девојки, повелете и споделете ги вашите омилени парчиња и комбинации во коментарите.