Реклама
Фитнес

Програма на Џилиен Мајклс: Како до совршено тело за само 30 дена!

Реклама

„30 day Shred” е програма за вежбање на познатата фитнес инструкторка и судија во популарното шоу “The Biggest Loser”, Џилиен Мајклс, со помош на која можете буквално да го извајате своето тело.

Оваа програма предвидува вежби кои треба да се прават секој ден по 20 минути (тренингот главно трае по 30 минути). Станува збор за интензивни вежби после кои буквално нема да можете да мрднете, ќе ве боли секој дел од телото и ќе мислите дека не можете повеќе!

Маркетинг

Значи, треба да се наоружате со силна волја и мотивација, да одделите 20-30 минути за вежбање секој ден и да си набавите неколку тегови (како замена можете да наполните неколку шишиња со вода или песок).

Маркетинг

Програмата се покажала како многу ефикасна и има многу следбеници насекаде низ светот. За да ги постигнете предвидените резултати треба правилно и точно да ги правите вежбите. Ако напоредно со вежбањето исто така и внимавате на исхраната и се ориентирате кон здрава и нискокалорична храна, за само еден месец ќе бидете видливо послаби и позгодни, и ќе имате повеќе енергија.

{youtube}G7kZ4mLsRdk{/youtube}

Фитнес програмата вклучува три нивоа, секое од кои се прави по десет денови. Програмата се заснова на комбинација од циркуларни вежби, кои се прават без престанок, и содржат елементи на кардио тренинг, вежби за сила и вежби за стомачни.

{youtube}lS44o7C5evw{/youtube}

{youtube}969ZzFyHqhA{/youtube}

Оние што ја спроведувале програмата велат дека воопшто не е лесна, но дека дава одлични резултати.

Извор: cosmopolitan.rs

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button