Реклама
Нега и здравје

Млеко, лосион или масло за сончање?

Реклама

Освен костимот за капење, летната облека и обувки, неизоставен летен детаљ за убавина се кремите и маслата за сончање, кои штитат од штетните сончеви зраци.

Овој прилог е со совети од познатите козметички куќи Vichy, Afrodita и Melvita, кој ќе ви помогне да ги одберете потребните препарати за 100% заштита!

Маркетинг

UV филтрите пружат заштита од UV зраците. Станува збор за тоа дека тие апсорбираат (хемиски) или одбиваат (физикални филтри) и на тој начин ја штитат кожата од продирање на UV зраците во подлабоките слоеви на кожата. Разликуваме два заштитни фактори: SPF (Sun Protection Factor) или UV B заштитен фактор кој штити од сончеви изгореници, и PFA (Protection Factor UVA) или UV A заштитен фактор кој штити од оштетувања кои се предизвикани од UV A зраците (стареење на кожата, брчки, кожни болести).

 VICHY 

Маркетинг

 

Квалитетно заштитно средство треба да пружи заштита од целиот спектар на UVB и UVA спектарот, треба да биде водоотпорно и тестирано на осетлива кожа да би се смалила можноста од алергиски реакции. Затоа се препорачува внимателно читање на декларацијата на производите “, појаснува козметичката куќа Vichy.

Освен што производот за заштита од стетни сончеви зраци треба да пружи заштита од целиот UVA и UVB спектар, тој треба да одговара и на нашиот тип кожа и временските услови.

 MELVITA

За светла, како и за детската и осетлива кожа, се препорачува минимално SPF 30. За исончана и помалку осетлива кожа советуваме SPF 20, а за луѓе со потемен тен доволен е SPF 15. Доколку сакате природна заштита, бирајте производи без наночестици, наместо хемиски. Минералните филтри се благи за кожата бидејќи не се впиваат во неа, го штитат епидермот со неговата површина, т.е. не ја надразнуваат кожата“ , нагласуваат од Melvita.

Во потрагата по лесна емулзија, т.е. млеко, лосион или спреј за заштита, барајте препарати кои добро се размачкуваат, бргу се упиваат и лесно се нанесуваат. Белкасниот слој преку кожата и чувството на лепливост се веќе минато.

 AFRODITA 

Млекото обично повеќе негува, а лосионот – хидратизира. Маслото пак е смеса од различни масла во кои се растопени UV филтери. И понатаму преовладуваат млеката затоа што се соодветни за повеќето типови кожа и се достапни во голем избор заштитни фактори. Имено, исто така и маслата нудат низа заштитни фактори, но на многу луѓе не им одговара масниот слој на кожата “ , според козметичката куќа Afrodita.

Но доста важно нешто при користење на било кој од препаратите за заштита од сонце, е правилното нанесување на козметичките препарати. Стручњаци од гореспоменатите козметички куќи, нагласуваат дека повеќето луѓе нанесуваат многу мали количини од препаратите за заштита и притоа занемаруваат клучни делови од телото. Не смеете да ги заборавите осетливите делови на лицето, како што се челото, јаболкниците, ушите, предниот дел од вратот, додека на телото задолжително нанесувате крем на вашето деколте, страничниот дел од ребрата, внатрешната страна на колената и околу рабовите на вашите костими за капење. Без разлика што на производот пишува дека е водоотпорен, после секое капење или туширање, мора да нанесете нов слој заштита.

Ова беа неколку корисни совети од елитните козметички куќи Vichy, Melvita и Afrodita, кои без сомнеж ќе ви помогнат да добиете убав бронзен тен и притоа да го задржите истиот, како и виталноста на вашата кожа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button