Ако треба да им се верува на модните писти – а треба – тогаш модниот стил со две тексас парчиња ќе се задржи долго време.
Еве како да ги стилизирате..
1. Откажете се од фармерките во корист на килотите
Справете се со ТОЛКУ МНОГУ трендови така што ќе инвестирате во пар тексас килоти. Одлични се за пролет, а во комбинација со патики и очила за сонце, ќе бидете тип-топ.
МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА:
Топ 15 кратки тексасни шорцеви од 1290 до 6000 денари »
Тексас кошулата врзете ја на половината како алтернатива на ставање внатре, за да го отстраните таа досадна ’тутканица’ околу струкот.
2. Носете јакна врз тексас маицата
Ако сте малку нервозни во врска со трендот од две тексас парчиња, разводнете го вашиот изглед со луцидна слоевитост и додатоци. А јакна без околувратник прави чуда, додека сјајните додатоци го привлекуваат погледот на друго место.
Дали имате сино куче да одговара на комбинацијата? Е, тоа се вика бонус.
3. Инвестирајте во Т-тексас маица
Затоа што, верувајте ни, ако носите тексас кошула колку што носиме и ние, тогаш оваа убавица ќе биде вашиот нов најдобар пријател оваа пролет. Носете ја со омилените широки фармерки, превиткани долу за го креирате овој “безнапорен кул“ излгед.
4. Редете во слоеви, но кошулата ПОД фустанот
Кусите тексас фустани се најлесни за облекување. Осигурете се дека ќе се издвоите од толпата со овој умен трик на слоевито облекување.
МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА:
Топ 35 кул парчиња од тексас за пролет/лето 2015 »
Закопчајте ја вашата светла тексас кошула под омилената тексас одора за кул, но секојдневен изглед којшто Алекса Чунг веднаш ќе го копира.
5. Проширете го својот тексас и на модните додатоци
Тексас во две парчиња не значи тексас од глава до петици. Благодарение на напливот на тексас во сè, ќе може да носите повеќе слоеви.
МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА:
Најдобрите бели фармерки кои ќе ги носите преку цело лето »
Едноставно, зграпчете ја ташната-плико од тексас и носете ја со вашите фармерки, тексас мини-здолниште, фустан – што и да е во кое сте фенси.
6. Најдете ја вистинската комбинација
Нема ништо покул оваа сезона од ускладување на тексас парчиња – но, овој комплет на „Штипка“ е еден од најдобрите. Бидете навистина храбри и облечете посветла тексас кошула одоздола или, пак, пробијте го овој ’код’ со светла Т-маица.
7. Кажете им збогум на ракавите
Постои причина зошто Кендал Џенер сака елек без ракави – таков елек овозможува разновидни комбинации и може да го носите со сѐ, на крајот на краиштата. Оваа комбинација е одлична за на работа и за игра и изгледа крајно убаво во слоеви со печатена кошула како од седумдесеттите.