Тајните совети од црвениот килим – од лак за коса во високи потпетици, па се до налепници за градите!
Познатите ѕвезди пред да зачекорат на црвениот килим поминуваат часови (а понекогаш и со денови) со бројни стилисти, фризери и шминкери кои се задолженида изгледаат совршено кога ќе се појават на настанот.
И додека ѕвездите не се многу расположени да зборуваат на оваа тема, луѓето задолжени за нивниот изглед, кои се професионалци во козметичката и модната индустрија и познати како Глам одреди секогаш се отворени и радо споделуваат детали за дизајнерите кои заслужуваат стравопочит, но и за моментите за кои по правило не би требало да се зборува.
Како и да е, некои од најпознатите холивудски стилисти одлучија јавно да проговорат за својата работа, вклучувајќи ги тука и сите оние интересни детали поврзани со советите што им ги даваат на клиентите за самоуверено да газат по црвениот килим.
Па така, познатата стилистка и моден дизајнер Шер Коултеркоја соработувала со славниот модел на Викторија Сикрет, Роузи Хантингтон Вајтли, како и со ѕвездата од насловните на Вог, Кејт Аптон и актерката од „Игра на троновите“ Емилија Кларк, откри како ги советува своите клиентки како да издржат до крај во вртоглаво високите потпетици.
Имено, госпоѓа Коултер користи спреј за коса кој го нанесува во чевлите за стапалата на девојките кои ги носат да не се лизгаат на црвениот килим. Исто така, таа понекогаш користи и удобни влошки кои ги внесува во дизајнерските високи потпетици за да бидат поудобни за носење.
Што се однесува до изборот на креациите и изгледот, според неа клучот е во тоа да се чувствувате пријатно и да не се плашите да експериментирате. Таа за проталотWho What Wear изјави: „Се обидуваме да останеме надвор од трендовите, бидејќи тие имаат тенденција да се повторуваат“.
А како што знаеме, нема ништо полошо и поубиствено за ѕвездите од тоа кога ќе заблескаат на некоја забава во одредена креација и одеднаш ќе видат и некој друг облечен во истото.
Од друга страна пак, Џејсон Ремберт кој е одговорен за стилот на Рита Ора и Иги Азалеа, на неговата интернет страница вели дека главната работа со која ќе се спречи катастрофа на црвениот килим според него е да се купува носена облека!
Порачките како и продавниците за винтиџ облека се исто така места каде можете да најдете парчиња кои совршено ќе одговараат за некои комбинации, особено доколку станува збор за винтиџ изглед од 20-те години на минатиот век.
„Многу ѕвезди радо би експериментирале со облеката, носамо кога станува збор за креации од познатите светски дизајнери, но постојат и такви кои се поспецифични од другите и поконцизни во изборот на облеката“, вели Џејсон.
Од друга страна пак, кога станува збор за контроверзните креации кои по правило се ризични за носење, стилистите користат разни ленти и налепници кои ги имаат во милион варијанти во своите фиоки и со кои се сигурни дека се ќе остане на свое место.
„Многу мои клинетки имаат мали гради и не сакаат да носат градници, но истовремено и не сакаат да покажат премногу“, вели стилистката Илариа Урбинати, која соработуваѓе со актерката Лејтон Местер од „Озборувачка“. Таа ги советува овие девојки да ги користат налепниците Nippies кои можатда сокријат дури и пирс на градите.