Како да ја сочувате шминката кога температурите се високи
Шминкерот и основачот на „Vanitymark” козметиката, Брет Фримен, ги сподели неговите совети за употреба на водоотпорна шминка во летните месеци кога темпертурите се високи.
Не користете сапун
Треба да се употребува средство за чистење кое што не ја суши кожата. Користете нешто што ја чисти кожата, но што не ја суши.
Збогатете ја вашата крема
Ставете капла алое во својата шминка и на овој начин збогатете ја хидрантната крема што ја користете за тонирање. Смесата што ќе ја добиете ќе биде поретка и ќе додаде нијанса на бојата, но ќе обезбеди доволно за покривање. Совршена комбинација за преку лето, нели?
Оставете го карминот да се одмори
Кармините најлесно се размачкуваат кога времето е топло. Се уште можете да го користите вашиот омилен сјај за усна, но и тој сигурно ќе се размачка!
Намокрете и разблажете
Нанесете ја вашата омилена сенка со влажна четкичка. Со навлажнувањео сенката ќе стане кремаста и на тој начин ќе трае подолго отколку пудрото.
Користете марамчиња
Вишокот маснотии утапкајте ги со марамче. Потта никако да не ја бришете, бидејќи така само ќе ја влошите ситуацијата, додека со тапкање шминката останува на своето место