10 тајни за долга и здрава коса – практикувајте ги и вашата коса ќе биде најубава!
Прочитајте ги овие десет корисни совети за долга и здрава коса …
#1. Бидете трпеливи. Косата не може да порасне преку ноќ
Земете во предвид дека за да ја израстете косата ќе биде потребно некое време. Косата типично расте од 0,5 до максимум 2,5 сантиметри месечно, и тоа само ако е во одлична состојба, здрава и без испукани краеви.
#2. Иронично, но ножиците ви се пријатели
Иако редовното кратење на косата не помага таа да расте побргу, овозможува врвовите на влакната да изгледат здрави и спречува пукање на влакното и двоење нагоре по должината. Ако чекате предолго расцветаните краеви да предизвикаат кршење на влакното во погорниот дел од косата, ќе морате да ја скратите повеќе отколку ако ја кратите редовно и го спречувате нејзиното пукање. Се препорачува да ја кратите косата околу половина сантиметар на секои 10-12 недели за да се спречи екстремно цветање на врвовите.
#3. Користете балзам при секое миење со шампон
Со тек на времето, од бојадисувањето и фенирањето на косата, влакната почнуваат да се истенчуваат на краевите. Балзамот помага да се обноват липидите и протеините во влакното и да се затвори кутикулата за да се спречи понатамошно оштетување, така што вашата коса ќе може да порасне подолга ида изгледа поздраво.
#4. Не ставајте шампон секогаш кога се туширате
Многу жени не користат балзам кога ја мијат косата, што е најлошото нешто што можете да го направите, посебно ако ја растете косата. Многу подобро ќе биде да го прескокнете шампонот! Улогата на шампонот е да ги измие нечистотиите и остатоците од производите за коса, но исто така ги измива и природните масла на косата што овозможуваат таа да биде мека и здрава. Кога навистина ви треба шампон, нанесете во мала количина и внимателно и нежно протријте ја главата, а потоа оставете пената едноставно да се слие надолу по косата како што ќе ја измивате.
#5. Користете масло или маска за коса еднаш неделно
Бидејќи косата што ви досега до рамениците и надолу може да биде стара и по неколку години потребна и е дополнителна нега покрај балзамот. Се препорачува да користите маски за коса или масла еднаш неделно. Еден едноставен рецепт: 1 филџан кокосово масло измешано со по 1 лажица бадемово масло, макадамија и јојоба. Се нанесува на влажна коса и се остава да делува десетина минути, а потоа косата се мие со шампон и се става балзам како вообичаено. Овие масла го исполнуваат влакното со масни киселини и потоа, кога се измиваат, шампонот помага да се затворат внатре во влакното. Многу ѕвезди како Кејт Босворт, Дијана Кругер, и Ешли и Мери Кејт Олсен го користат овој третман со масла.
#6. Чешлајте ја косата како да е исткаена од злато
Постојаното чешлање може да предизвика физички оштетувања на вашата коса. Кога ја чешлате мократа коса за да ја расплеткате секогаш почнете од краевите и одете нагоре по должината. Ние секогаш почнуваме од горниот дел и одиме надолу, но на овој начин заплетканата коса се собира на крајот во голема топка, што предизвикува кинење и губење на многу коса. Се препорачува да си набавите четка со влакна од дива свиња бидејќи овие влакна помагаат да се распределат природните масла од главата надолу по должината на косата и исто така и се многу нежни и не ги оштетуваат влакната на косата при чешлањето.
#7. Откажете се од памучните навлаки за перници
Се препорачува да користите сатенски навлаки за перници бидејќи имаат помека површина што не предизвикува такво триење какво што предизвикува исткајаниот памук со косата, така што косата нема да ви биде (толку) заплеткана кога ќе се разбудите.
#8. Не ја замотувајте косата во крпа
Виткањето на косата во крпа по миењето може да предизвика кинење на влакната. Косата е заробена во ткаенината, а бидејќи најголемиот дел од жените ја мотаат крпата премногу стегнато околу лицето, најмногу страдаат меките тенки влакна околу лицето кои најмногу се кинат. Изберете помека и потенка ткаенина и не ја стегајте косата во неа.
#9. Поместувајте го коњското опавче
Ова е еден лесен чекор што ќе овозможи да се зачува косата кога ќе решите да ја врзете во коњско опавче, што значи дека таа ќе продолжи да си расте цврста и неоштетена.
#10. Измијте ја косата со ладна вода на крајот од секое миење
Ова навистина помага косата да расте и долгата коса да биде здрава долго време. Ладната вода го израмнува надворешниот слој на влакното, со што се спречува губењето на влажноста, заплеткувањето на косата и оштетувањето од топлина. Доволни се само неколку секунди под ладна вода, кои со текот на времето ќе придонесат за поубава и поздрава коса.
Извор: Cosmopolitan