Како што се приближува летото и годишните одмори сите почнуваме да коваме големи планови за диети и вежбање за да се доведеме во форма пред да се соблечеме и прошетаме на некоја плажа.
Но од друга страна, летото и релаксираната летна шема често можат да ни ги расипат плановите, па наместо да бидеме во топ форма, се случува да добиеме некое килце плус. Секако, нема потреба од паника, разочарување или нервози. Само следете ги овие три совети и ви ветуваме дека ќе имате најсекси тело на плажа:
Внимавајте со коктелите
Преку летниот период повеќе излегуваме и се дружиме па многумина доаѓаат во искушение да испијат некое пиво или некое коктелче плус за да се опуштат и да се разладат од превисоките температури. Но, оваа шема е добра само ако сакате да се поправите! Доколку пак сакате да ја задржите витката линија и вашето секси тело, според фитнес инструкторката Ана Рендерер, морате да внимавате на следниве неколку работи:
· Прочитајте го составот на коктелот и порачајте безалкохолен кој содржи најмалку калории. Идеални се оние кои се базираат на лубеница.
· Помеѓу коктелите пијте вода бидејќи ќе ве засити.
· Колку и да изгледаат привлечно, не заборавајте дека коктелите се вистински калориски бомби. Најдобто е да избирате коктели со освежителни состојки како лимета, лимон, ментол или бобинки.
Одржувајте ја формата
Уживајте на отворено и во природа. Движете се и не ги запоставувајте вашите физички активности. Пливајте или возете велосипед бидејќи ова се одлични алтернативи на трчањето.
Од друга страна пак, во друштво е сè полесно. Планинарете. Зошто да не отидете со пријателите на пикник на некоја планина во ваша непосредна близина?
Вежбајте и дома
Пред излегување навечер или пред да одите на плажа наутро, можете да направите и неколку вежби во станот – малку растегање, неколку чучњеви и стомачни сигурно нема да ви штетат!