Пет совети како да ја негуваме косата преку лето
Покрај штетните УВ зраци во летниот период на косата и штетат и други нешта, како на пр. морската сол или пак, хлорот во базените.
Па доколку сакате да ја заштитите вашата коса од сонцето најдобро е да го направите тоа со помош на регенератор во спреј со УВА и УВБ филтри. Заштитниот спреј можете да го направите и сами.
Во празно шишенце треба да ставите малку од препаратот за сончање и да го размешате со вода. Преку лето избегнувајте силен лак, бидејќи тој може да ви ја оштети косата и да ви ја направи сува. Наш совет е да изберете лак на природна база кој што содржи регенератор.
Кога се големи жештини потребно е вашата коса да ја миете секој ден, а два пати во месецот да и направите длабинска нега со препарати од арганово масло.
ОПУШТЕТЕ СЕ НА СОНЦЕТО
Додека сте на плажа нанесете на косата маска за длабинска нега и обновување на оштетена коса. Потоа исчешлајте ја косата и оставете ја маската да делува на неа додека лежите на сонцето. Маската ќе ве заштити од солта и на косата ќе и даде мекост и сјај.
ЗДРАВА ИСХРАНА
За вашата коса да биде здрава, потребно е и здраво да се прехранувате. На косата најмногу и пријаат Омега-3 масните киселините, а нив најмногу ги има во лосос и јајца. Тоа ќе ја одржи вашата коса здрава и силна во текот на летото.
ЗЛАТНИ ПРАМЕНИ
Доколку сакате да имате природни златни прамени, тогаш на тие делови не ставајте регенератор за заштита од УВ зрачење. Така ќе ги добиете саканите природни нијанси.
ПРЕД БАЊАЊЕ ВО МОРЕ …
Ако сакате да го намалите влијанието на солената вода, тогаш на сува четка капнете неколку капки масло од неем. Потоа натопете ја косата со слатка вода и ќе бидете спремни за морето. Вака подготвената коса нема да прима солена вода во себе.
ВИТKАНА KОСА ВО РЕТРО СТИЛ
По туширањето на влажната коса ставете пена, вашите прамени замотајте ги околу крпички, потоа замотајте ги и заврете ги околу краевите. Кога вашата коса ќе биде некаде околу 80 проценти сува, попрскајте ја по сета должина со солен спреј и прамените замотајте ги околу вашиот прст.