Секоја девојка сака да изгледа како супермодел, а тоа понекогаш знае да биде напорно, но сепак, тоа зависи и од кој агол гледате на работите.
Ако редовно читате модни магазини (како што е Штипка, на пример… :) тоа не би требало да ви претставува проблем. Доволно е кога ќе имате потреба за инспирација само да отворите некоја street style галерија и да погледнете што носат модните кралици во овој период од годината. Еве неколку комбинации што решивме да го споделиме и со вас.
Тесни фармерки, чизми до глужд и кратка блуза – супер комбинација!
Кралица на урбаниот street-style стил!
„Over-siza“ тексасна јакна и скинати фармерки во комбинација со старки …
Тренди дама …
Црно, елегантно и секси …
Понекогаш сексапилот се крие во едноставните комбинации …
Пролетните макси фустани се must-have за секоја дама…
Носете бело од глава до пети доколку сакате да изгледате како вистинска пролетна принцеза …
Совршенство ….
Изгледајте како супер модел и кога одите на работа!