Американската диета е многу популарна бидејќи ветува ослободување од вишок 3 килограми за само 5 дена.
Брзото намалување на масните наслаги се заснова на зголемен внес на храна богата со протеини и масти. За да ги постигнете предвидените резултати треба да се придржувате на планот за исхрана. Диетата се базира на намирници богати со протеини како месо, риба и јајца, а тука се и незибежното овошје и зеленчукот. Строго е забрането да се внесува каква било храна богата со јаглени хидрати и секако благо. Може да се користат ладно цедени масла, а се препорачува дневно да се внесат барем 2 литра вода (без натриум и хлор) и билни чаеви.
Она по што е карактеристична оваа диета се вкусните и зачинети јадења. За разлика од повеќето останати диети каде што строго се забранува сол, во рамките на оваа диета може слободно да се јаде солена храна, како и кисела и лута.
Појадок
Во сите пет денови можете да изберете еден од следниве два предлози:
Предлог 1: 150 гр. меко кравјо сирење измешано со 1 лажичка ленено или маслиново масло и 1 лажичка непечен сончоглед или сусам
Предлог 2: 1 јајце (пржено или варено) измешано со 50 гр. немасна шунка и 200 гр. тврдо сирење со свежи зачински билки
Ден 1
Ручек: Пилешки гради со боранија. Пропржете 1 главица исецкан кромид на 2 лажички масло, додадете 300 гр. варена зелена боранија, лажичка зачински билки и лажичка исецкан магданос. На 1 лажичка масло испржете 120 гр. пилешки гради зачинети со бибер. Сервирајте се заедно и додадете 2 лажички полумасен растителен путер.
Вечера: Овошна салата со сирење. Исецкајте 100 гр. зелена салата, додадете исецкана круша или јаболко, мандарина на резниња и 50 гр. фета сирење исецкано на коцки, пет половини јатки од ореви, убаво измешајте и прелијте со 2 лажици масло и додадете малку бибер.
Ден 2
Ручек: Лосос со пиперки. Исецкајте 2 свежи пиперки на тенки ленти, пропржете
ги на 2 лажички масло, додајте 2 лажички копар и малку табаско сос. Зачинете парче од 120 гр. лосос со лимон, посипете насецкан магданос, посолете по желба, замотајте во алуминиумска фолија и печете 12 минута во претходно загреана рерна на 220 степени.
Вечера: Пилешка салата. Посолете 125 гр. пилешки гради, испечете ги во рерна на малку масло и оставете ги да се оладат. Изрендајте 300 гр. целер, додадете го на пилешките тради, промешајте со 1 лажичка мајонез и зачинете со кари и 2 исецкани ореви. Можете да посипете и малку исецкан магданос и да додадете листови зелена салата за декорација.
Ден 3
Ручек: Печурки и спанаќ. Намачкајте со масло огноотпорен сад и ставете 250 гр. убаво измиен и исцеден спанаќ, исецкајте на листови 250 гр. свежи печурки, додадете 2 лажички масло и динстајте на тивок оган додека не испари водата. Потоа зачинете со малку лимон и мускатно оревче и додадете 50 гр. немасна шунка исецкана на коцки. Распоредете го убаво спанаќот, ставете врз него две тенки парчиња кашкавал и печете во рерна додека кашкавалот не се растопи.
Вечера: Супа од авокадо. Извадете ја семката од авокадото, додадете малку сок од лимон и изгмечете го убаво со толчник. Ставете го во сад и додајте литар врела супа од зеленчук, додадетелажица павлака, додадете сол и бибер. Сервирајте со варен колбас од 50 гр.
Ден 4
Ручек: Гради на белгиски начин. Загрејте лажичка путер во поширок сад и наредете 300 гр. цикорија (зелена салата), додадете сол, бибер и мускатно оревче, прелијте со сок од портокал, покријте со алуминиумска фолија и оставете да се динста на тивок оган околу 15 минути. Зачинете 125 гр. пилешки гради и испечете ги кратко од двете страни на малку масло и сервирајте со преливот од цикорија.
Вечера: Туна во мајонез. Иситнете со вилупка 100 гр. туна од конзерва, додадете една главица исецкан кромид и една лажичка мајонез. Зачинете со лимон и бибер и сервирајте со 50 гр. листови од зелена салата.
Ден 5
Ручек: Кајгана со домати. Изматете 3 јајца, додадете 1 домат со средна големина исецкан на коцки, зачинете по желба и испржете во убаво загреана тава на 2 лажички масло. Додадете 2 лажици изрендан ементалер, почекајте кашкавалот да почне да се топи, па додадете малку лук. Сервирајте со 50 гр. зелена салата, малку домати и маринада од 2 лажички масло и сок од лимон.
Вечера: Пастрмка со портокал. Распоредете 100 гр. димена пастрмка на 100 гр. зелена салата, додадете 30 гр. кисела павлака, наредете резниња портокал и украсете со парчиња печени бадеми.