Рецепти

Рецепт за највкусни крофни

Реклама
Реклама

 

Малкумина можат да им одолеат на вкусните топли крофнички, а добрата работа е што нивната подготовка воопшто не е комплицирана.

Маркетинг

Потребни состојки

50 дкг брашна
12 дкг шеќер
10 дкг путер
4 жолчки
2 дл млеко
2 лажички рум или ракија
4 ддкг свеж квасец
Шеќер од ванила
Кора од лимон
Прстофат сол
Мармелад од кајсии
Масло
Шеќер во прав за попрашување

Маркетинг

Подготовка

Најважно е сите состојки да се со собна температура. Во еден децилитар млеко додадете квасец и малку шеќер, потоа измешајте ја смесата и оставете на топло за да се дигне.

Во сад заматете путер, рум, жолчки, кора од лимон, остатокот од млакото и шеќер. Брашното ставете го во длабок сад, додадете сол и потоа додадете ја смесата со жолчките и путерот, т.е. квасецот.

Мешајте ја смесата се додека не почне да се одвојува од садот, а потоа ставете два часа покриена на топло за да се удвои тестото.

Тестото ставете го на работна површина која претходно сте ја побрашниле и направете дебелина со развалување од 1.5 сантиметри. Со чашка или калап направите крофни и потоа прекриете ги со крпа и оставете ги да се подигаат околу еден час.

Во загреано длабоко масло ставете ги крофните (прво горната страна) и пржите ги поклопени додека не поруменеат, па свртете ги и пржете ги од другата страна (не е потребно да ги поклопите). Ставете ги на хартија за готвење да се впие вишокот маснотии па со шприц за крем наполнете ги со мармелад од кајсии (или по ваш избор) и посипете ги со шеќер во прав.

Внимавајте да не се прејадете!

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button