Реклама
Интервју

Топ 5 MUST-HAVE производи на Елена Велевска

Реклама

 

Атрактивната пејачка Елена Велевска покрај тоа што се грижи за своите три деца, постојано води сметка и за својот изглед, а особено внимание посветува на здравјето и убавината.

Маркетинг

Елена секогаш изгледа убаво и привлекува внимание каде и да се појави, па поразговаравме со неа за да ги откриеме тајните на нејзиниот совршен изглед.
Елена со задоволство ни раскажа за нејзините навики и ритуали за убавина, истакнувајќи дека во последно време особено внимание посветува на органската козметика. Таа го заменува вежбањето со прошетка покрај Охридското езеро, а кога има слободно време оди и во фитнес центар.

„Денот најчесто ми започнува со обврските околу децата, подготовки за на училиште и градинка, а и ми завршува со домашните обврски околу нив и обврските поврзани со мојата професија: интервјуа, закажувања, ангажмани, фотосесии, снимања… Што се однесува до козметичките производи за кожа и лице во последно време користам само органска козметика и тоа гел за миење лице и хидратантен крем. Следејќи ги трендовите за коса, користам сè што е  актуелно во моментот и сè што дава убав сјај на косата. За жал, немам многу слободно време за вежбање, но кога го имам најчесто пешачам покрај Охридското езеро или наутро одам во фитнес центар. Порано често одев во солариум, но сфатив дека тоа не е добро за мојата кожа, па затоа гледам максимално да го искористам летниот период за да добијам убав тен. Козметичките салони начесто ги користам за депилација, педикир, маникир и повремено одам на масажи.“

Маркетинг

Еве ги нејзините 5 must-have производи:

1. Млеко за тело од Викторија Сикрет. Меѓу моите омилени производи за нега на тело се производите на Викторија Сикрет, односно нивното млеко за тело кое го користам по туширање и без кое едноставно не можам.

2. Органска козметика – најчесто гел за миење лице и хидрантни креми. Кога станува збор за третмани на моето лице во последно време се обидувам што почесто да користам органска козметика.

3. Карминот од MAC ми е еден од омилените. Покрај ова ги користам и другите козметички производи на овој бренд како сенки за очи, така и пудри и средства за отстранување на шминка.

4. Производите на Wella Illumina се мој прв избор за нега на косата. Следејќи ги трендовите за коса користам се што е  актуелно во моментот, како производите на Wella Illumina, ботокс на коса и сè што дава убав сјај на косата.

5.    Омилен парфем ми е LA VIE EST BELLE од LANCOME.

И за крај, на прашањето која е омилената боја на кармин за оваа пролет, Елена ни одговори: „Секогаш користам нежни нијанси како месо боја, потоа боја на кајсија или нежна розова боја. Овие бои одлично ќе се вклопат во трендовите за оваа пролет.“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button