Нашите модни уредници велат дека ако не знаете што да облечете најдобро ќе биде однапред да разгледате предлози од уличната мода и да си склопите соодветни комбинации од вашата гардероба во вашата глава.
Така однапред ќе имате решенија за изборот на облека и ќе се поштедите себе си од губење време и нервози стоејќи пред плакарот во недоумица.
Девојките од галериите на фотографии за уличен стил секогаш носат нешто што би носеле и ние и изгледаат како што може да изгледа секоја обична девојка, па токму од тие причини денес се обидовме да направиме една синтеза од најубавите комбинации со фустани кои се во согласност со најновите трендови за 2015 и кои можат да се видат на градските улици.
Специјално за вас подготвивме галерија со најдобрите примери, од фустани со реси па се до бохо макси фустани и мали фустани во силни или пастелни бои. Овде на едно место се собрани предлозите на најпознатите блогерки и модни стилистки кои знаат како да се стокмат од глава до пети, особено кога се подготвуваат за нови “street-style“ фотографии.
Што се однесува до трендовите, ќе забележите дека годинава на улиците ќе владеат креации во силни бои како фуксија, лимон жолта и портокалова боја, потоа кобалтна сина боја, бохо и тесни секси фустани со голи раменици, како и фустани со принтови, риги или реси. Погледнете!
Изберете го стајлингот што најмногу ви се допаѓа и инспирирајте се од комбинациите на овие ѕвезди на уличниот стил.
Кликни тука и види ја целата галерија »