Поразговаравме со Мартин Атанасовски попознат како Буцо Битбокс, еден од најпознатите битбоксери во Македонија.
Битбоксот претставува специфична техника на создавање музика со помош на вокалната перкусија, односно устата. Поентата е да се создаде звук што е сличен на оној кој што го произведува некој инструмент или да се „скине“ ритамот на некоја песна, па дури и целата песна. Битбоксот претежно се користи во хип-хоп културата, а со него некои пионери на репот имаат почнато да репуваат. Еве што вели Буцо Битбокс за неговото искуство со него:
Здраво Буцо. Во едно твое поранешно интервју имаш изјавено дека кога ќе кажеш дека си битбоксер понекогаш се случува некои да те прашаат каква боречка вештина е тоа. Па еве за почеток, дали би и објаснил на нашата публика, за каква „боречка“ вештина станува збор?
Здраво , здраво да имам изјавено така пошто во последно време знаат често пати да ме прашаат за каква боречка вештина станува збор … Битбоксот е уствари техника со која се имитираат произведуваат најразлични звуци од природата све што може нашето уво да слушне буквално … тоа се користело за фристајл борби кај црнците најпрво .. во тоа време немало битови нели „CD“ и така натака … па на секој натпревар имало битбоксер за да произведува бит за да се натпреваруваат натпреварувачите да не рецитираат на „суво“.
Кога прв пат се сретна со битбоксот и кога и како реши да почнеш да се занимаваш со оваа техника?
Првпат се сретнав пред 5 години.. Да така беше … Со битбоксот се запознав преку интернет и тоа сосема случајно, од нигде никаде го чув ме зачуди страшно многу .. си помислив ова сигурно е уникатно особено за кај нас … и ми дојде помисла дека тоа што е уникат многу повеќе успева нели? И од тој момент решив да пробам да бидам препознатлив по нешто што не го може секој втор човек, а љубовта кон битбоксот упорноста и тренинг се винови за тоа што го правам и зошто сум почнал да го правам тоа .. па еве гураме напред .
Кој е твојот омилен ботбоксер?
Хмм омилен .. па има многу али ајде ќе го издвојам Beardyman. Па човекот е уникатен со тоа што на негов настап создава битови најразлични и на нив рецитира, пее најразлични текстови и вид на музика многу е креативен и го бива претерано многу !
Со кого имаш настапувано досега и кој од тие настапи ти остави најдобар впечаток и ќе биде нешто што ќе го помниш цел живот?
Имам настапувано со Тони Зен . со Панчо од ДНК , со Слаткаристика во Борис Трајковски , бев дел од отворањето на настап на САРС у Хавана со дј Пимп , дј Нести и така натака … и последнава година сум најактивен со ДЈ К-105 тој низ Македонија. Сите овие настапи ми оставиле најдобар впечаток нема да двојам да не биле тие немало да стигнам толку брзо до каде што сум .. така да нејќам да одвојам сите ми се убави моменти драги и ќе ги памтам дур сум жив
Дали планираш да настапиш соло? Нешто во кое од почеток до крај ќе рокаш битбокс и ништо друго. Нешто како битбокс шоу…
Па соло да настапувам уште е многу рано искрено, но зошто да не пак, тоа би било во соработка со некој музичари, комичари, најразлични соработници… Соло како соло буквално мислам дека не би праел не би имал желба сега за сега , но не се знае што не очекува :)
Како оди соработката со нашите музичари? Пред некое време гледавме настап на Икс фактор на битбоксер и пејач кој настапуваше и со акустична гитара кои многу лесно ја освоија публиката и со својот талент го растурија жирито. Станува збир за Тарик и Аднан од Сараево, од кои едниот е познат босански битбоксер. Тие настапија најпрво со севдалинка, а потоа и со домашна и странска песна, Е сега, прашањето ми е, дали можеби ова е формулата: мелодија која ќе помине пред нашата публиката, која е „комерцијална“ и битбокс кој сам по себе е андергроунд и ќе ја направи обработката оригинална? Дали си имал досега покана од некој од нашите музичари да снимате заедно песна, и дали би можел да битбоскуваш на некоја позната песна од нашиот фолклор?
Соработката кај нас добро оди засега барем мене супер ми оди искрено , да дечките што настапија на Х-фактор јас ги пофалив више. Со битбоксерот имам некој контакт нормално од моја бранша е и го поддржив ги бива многу. Да снимам со некого нешто уште не сум имал можност, но се надевам дека некој ке понуди …. секако би прифатил зошто да не хмм .. па сум пробал да правам битбокс верзија на песната од Тамара Тодевска „Тажна љубов, среќна песна“ и добро ми оди , на Тајзи „Живеам за себе“ , „Љубов“ и уште неколку има …
Ајде сега да позборуваме малце оптшо за мусиката. Кои се твоите омилени бендови и што слушаш во последно време?
Па бендови омилени баш и немам него слушам само поединци како : Tyga . Lil Wayne , Nicki MInaj , YG , Rick Ross , Drake понекогаш знам да чујам трака од легендите на рап музикат како : BIggy , Ice Cube , 2Pac , Methomd Man , Redman , Wu Tang Clan ,и така натака .. Не ги слушам многу али имам почит кон нив секако тие се основачите на рап музиката мора да се почитуваат.
Која песна би им ја препорачал на нашите читатели?
Која песна? Хмм … Па може вака за убаво расположение ке им ја препорачам песната од – ASAP ROCKY – Big Spender ( TRAP )
Каде настапуваш во последниот период и кој е твојот следен настап?
Настапувам со ДЈ К-105 поздрав до него! Последава година со него сум највише низ Македонија па следниот настап не се знае уште кога и каде но кога ке има нешто секако јас ке ја известам публиката.