Реклама
Коса

Витаминот кој ви е потребен да имате прекрасна коса

Реклама

Нашите рутини за негување на косата еволуираа многу во изминатите неколку години: ако порано само размислувавме за тоа што да примениме локално, сега имаме подобро разбирање за тоа дека она што го внесуваме во организмот, исто така, влијае и на нашата коса.

Кожата на главата е, после сè, сепак само кожа. Ако постои еден диетарен додаток во исхраната врз кој ќе се фокусирате оваа година за оптимално здравје на косата, тогаш тоа нека биде Омега 3. Д-р Франческа Фуско, дерматолог и експерт за кожата на главата, објаснува зошто.

Маркетинг

„Овие [омега-3] киселини се потребни за нормален метаболизам“, вели д-р Фуско. „Тие се важна компонента на кожата на главата. Недостаток може да доведе до проблеми со косата и скалпот, како сувост и опаѓање на косата. „Кога се консумираат секој ден, тие ја подобруваат циркулацијата до скалпот, а со тоа ја зголемуваат и сјајноста, еластичност и цврстината на секое влакно.“

Маркетинг

„Бидејќи киселините од групата Омега 3 сочинуваа околу 3 проценти од коренот на влакното и се присутни во клеточните мембрани на скалпот, нивното внесување го обезбедува телото со некои од градежните блокови за здрава кожа и коса“, вели д-р Фуско. Сепак, брендовите, исто така, го додаваат овој витамин и во нивните формулации за шампони поради неговите дополнителни позитивни локални влијанија. „Нанесени локално, тие ја одржуваат влажноста на скалпот и ја прават косата отпорна на дневните штетни влијанија како временските услови, студ, ниска влажност, но и апаратите за загревање“, додава таа.

 

Започнете вака: Новата формула на Clear Scalp & Hair’s, шампонот за активна отпорност на штетните влијанија (Active Damage Resist Shampoo,), не само што помага за оживување на оштетените кадрици/локну, туку вклучува и омега комплекс. „Омега 3-6-9 комплексот е мешавина од незаситени масни киселини содржани во формулацијата за кои се знае дека имаат позитивно влијаат врз здравјето на кожата и изгледот“,потврдува д-р Фуско. Комплексот содржи и мешавина од кокосово масло, соино масло, масло од сончогледово семе и масло од сладок бадем – сите осигуруваат дека скалпот и косата ќе бидат целосно хидрирани и со висок сјај. Набавете го овој шампон со енормно корисната формула, а потоа свратете до продавницата за здрава храна за да инвестирате во додатокот во форма на апчиња. Толку едноставно!

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button