Доколку ви се допаѓа стилот на Александра Амбросио, тогаш сигурно ќе ви се допадне и овој пост бидејќи во него ќе позборуваме за нејзините омилени парчиња.
Од наметки, кафтани и фустани кои несомнено потсетуваат на комбинациите кои ги носиме кога одиме на плажа, па се до елегантните тоалети во кои ја гледаме на црвениот килим, еве накратко кои се главните модни правила на кои се потпира кога станува збор за летната сезона.
„Мојата униформа за овој период од годината е лежерен макси фустан или пресечен џинс во комбинација со опуштена блуза“, изјави супер мдоелот за англискиот „Гламур“ повикувајќи се на нејзините нови шарени макси фустани кои и се омилени и за кои додава: „Тие се толку едноставни за носење. А и краткиот шорц од џинс е без напор, без разлика што правите.“
„Омилени парчиња кои ми се на прво место на листата кога станува збор за стилски совети поврзани со топлите денови е да ги носите сите оние работите во кои се чувствувате секси и самоуверено. Летниот период треба да се забавувате со вашиот стил, и се што е направено во колекциите е наменето жените да се чувствуваат како да го живеат својот сон“.
Можеби го читате ова некаде каде што е топло, но доколку го читате ова од Македонија, сигурно ќе треба уште малку да почекате за да ги примените овие совети. Јас се уште не можам да си дозволам да излезам надвор без мојот капут.. или било што друго во кое што нема да смрзнам. Но, да се надеваме дека тоа нема да трае уште долго и дека наскоро ќе дојде вистинското време за овие шик парчиња кои според супермоделот се „маст-хев“ за секоја дама.