… Или, дали оние кои се заколнале дека е така, всушност не ве мафтосуваат?
Познатите личности како Гвинет Палтроу и Дина Манзо, ѕвезда на Вистински домаќинки од Њу Џерси, пијат топла вода со лимон како водата да е фонтана на младоста. Тие се сигурни дека таа помага да намалат килограми, но дали ова тврдењето е премногу добро за да биде вистина?
„Топлата вода со лимон не предизвикува никакво вистинско губење на тежината“, вели Алисија Рамси (Alissa Rumsey),портпарол на Академијата за исхрана и диететика. Меѓутоа, ако овој пијалок заменува пијалок со повеќе калории, како кафе со шеќер или овошен сок – а тоа резултира со дефицит на калории – тогаш таа може да ви помогне да ослабете.
Водата за пиење – без разлика дали е топла или ладна, со лимон, или обична – исто така помага вашиот метаболизам да биде активен. „Влажноста на организмот е важен дел од здравата исхрана, бидејќи тоа го поттикнува вашиот метаболизам“, вели Рамси. „За оние кои не уживаат во обична вода, додавањекришки лимон е одличен начин да го зголемат вкусот без да додадат калории.“
„На краток рок, водата за пиење со лимон може да ја намали и надуеноста на стомакот, таа дејствува како благ, природен диуретик“, вели Рамси. Сепак, ако имате надуеност на долг рок, најдобро е да дознаете што ја предизвикува истата и да престанете со овие навики кои, всушност, се вистинските виновници: јадење премногу брзо, пиење со сламка, пиење газирани пијалоци, конзумирање премногу сол и конзумирање храна со шеќерни алкохоли.
„Сепак, може и да не уживате во пиењето вода со лимон доколку имате киселини во стомакот, бидејќи некои соединенија во лимоните, цитроните, портокалите и слично само ќе ги влошат симптомите“, вели Рамси. Сега знаете!