Засигурно знаеме дека постојат повеќе начини како да се носи кошула на закопчување, но сега кога долната половината од кошулата е ефикасно пикната в пантолани (здолниште), во потрага сме по некоја нова стилска инспирација во врска со кошулите.
А таа е поврзана со трикот на којшто никогаш не помисливме порано: замотај-и-вовлечи. Како да го направите тоа, ќе прашате? Само зграбете стара кошула со јака/околувратник, замотајте половина околу вашето тело, вовлечете ја и boom- имате сосема нов look.
Во ред, ќе признаеме дека не е баш „нов“ стил (дури и Одри Хепберн правела вака во свое време), но трендот го враќа со голем камбек, сигурно.
Само погледнете ги следните фотографии за инспирација и подгответе се да ја грабнете и вовлечете кошулата додека одите по улицата со стил на голема ѕвезда.
Еве како да ја облечете: земете едноставно стара (малку широка) кошула со копчиња, замотајте ја едната половина околу вас, но не закопчувајте ја, и вовлечете ја во фармерките. Потоа, земете безопасна игла или закопчајте само едно од копчињата (но не најгорното) за да ја фиксирате и, евентуално, да сокриете некоја фалинка.
Дури и една од вашите „работни“ кошули може да биде соодветно парче облека по работата со овој трик. Тоа е одличен начин да се префрлите од работен во забавен стил за миг.