Или со други зборови – што НЕ ТРЕБА да правите ако сакате да ослабнете некој килограм
Во прва година во гимназија бев како и сите други, но веќе во втората година се зачудив колку килограми сум се поправила и сфатив дека е време да направам нешто околу тоа. Ми требаше многу долго време да изгубам некој килограм (сега сум веќе апсолвент), затоа што мислев дека знам што правам. Ох, колку многу сум грешела! Еве четири нешта коишто посакувам да ги знаев кога го почнав патувањето за да ослабам.
1. Јадење путер со кикирики од тегла не е здраво
Иако путерот од кикирики има многу масти здрави за срцето, тој не е лишен од калории. Се наоѓав себеси како јадам со лажица директно од теглата, прашувајќи се зошто фармерките не ми се ниту малку полабави. Затоа, ова е важно да се запамети: Само затоа што здравата храна не се смета за шкарт, тоа не значи дека може да јадете колку што сакате. Бидете свесни за големината кога станува збор за целите зрна – житарки, ореви, семки, како и чоколатцата и грицките од продавниците за здрава храна.
2. Да се биде строг вегетаријанец (веган) не значи дека тежината автоматски се намалува
Моите две цимерки во средно беа високи, слаби и вегетаријанки, па си помислив дека јадењето храна врз растителна основа е клучот за намалување килограми. Можеби се куртулив од производите од животинско потекло, ама завршив со јадење тони тестенини, леб, помфрит, сладолед без млеко и вегетаријански чоколадни мали тортички со прелив. Да се фокусирав на свежо овошје, зеленчук, мешункасти плодови и цели зрна, тогаш вегетаријанската исхрана може ќе ми помогнеше да стигнам до целта, но мојата вегетаријанска нездрава исхрана, всушност, предизвика да накачам тежина.
3. Пешачењето не е доволно
Пешачењето е дефинитивно подобра вежба од седењето на кауч, па мислев дека шетањето низ центар и одењето до гимназија пешки ќе го направат трикот. Но, одењето не предизвикува големо согорување на калории како трчањето. Кога станува збор за губење тежина, мора да согорите или да се ослободите од 3.500 калории неделно за да ослабете половина килограм. А една 30-минутната прошетка согорува околу 122 калории, што е многу под 500 калории потребни да согорат секој ден. Ако сакате да изгубите тежина, ќе мора да го зголемите интензитетот и времетраењето на вежбите.
4. Вежбањето не значи дека може сè да јадете
Со цимерката одевме на часови за степување и обично после тоа свраќавме во училишната трпезарија да се почестиме убаво. Вежбавме, па заслужуваме и да јадеме, нели? Но, воопшто и не знаев дека јадејќи многу повеќе отколку што сум согорила, всушност, се дебелеев дури и повеќе. Доколку сакате малку да се наградите поради тоа што сте вежбале, не правете го тоа со храна. Преземете некои нови песни од iTunes, земете нова книга или купете си ново парче облека да ве мотивира додека одите во салата за вежбање.
Извор: POPSUGAR Fitness