Каков е обликот на вашето лице?
Можеби сметате дека имате одреден облик на лицето, или пак сте слушале како други ви кажуваат, но за прецизно да го утврдите обликот на вашето лице најдобро е да се послужите со еден стар добар трик. Земете една ваша фотографија на која убаво ви се гледа лицето, и на која не се смеете, и едноставно исцртајте линија околу лицето на фотографијата – на овој начин јасно ќе видите за каков облик станува збор.
Овално лице
Можете да носите скоро секакви фризури – долга, кратка, брановидна или виткана коса. Актуелните фризури со шишки и долги, брановидни прамени одлично ќе прилегаат на овално лице, како и многу кратка коса. Ако имате премногу издолжено лице носете шишки до веѓите или патец на страна, а избегнувајте фризури со отворено чело.
Квадратно лице
Острите линии на лицето ќе ги омекнете со локни или бранови во косата. Убаво ќе ви прилегаат и степенесто исечени прамени, посебно ако се работи за кратка фризура. За кратката коса е многу важно прамените на врвот на главата да бидат подолги за да избегнете изглед на коцка. Избегнувајте рамни линии и остри форми, како на пример боб фризури, бидејќи тие уште посилно ќе ја нагласат линијата на брадата. Идеална фризура за квадратно лице е должина на косата малку под брадата, со прамени кон лицето.
Тркалезно лице
Можете да носите долга коса која визуелно го издолжува лицето. Исто така убаво ќе ви прилегаат и шишки со патец на страна. Внимавајте фризурите кои ги носите да даваат волумен на врвот на главата а не на страните, бидејќи тоа визуелно ќе ви го прошири лицето. Исто така, избегнувајте премногу бујни, натапирани фризури и боб фризури до брадата бидејќи ваквите фризури го шират лицето.
Лице во форма на срце
Убаво ќе ви прилегаат долги шишки кои го прекриваат челото. Исто така и локни бидејќи ја шират фризурата на краевите и го пополнуваат најдолгиот дел на лицето. Избегнувајте боб фризури кои уште посилно ќе ја нагласат тесната и најчесто истакната брада. Исто така треба да имате во предвид и дека кратките шишки не одговараат на оваа форма на лице.