Реклама
Коса

Пронајдете ја вашата совршена боб фризура

Реклама

Боб фризурите полека но сигурно го освојуваат Холивуд, а само прашање на време е кога овие фризури целосно ќе завладеат и во нашите градови и села.

Една од најзаслужните девојки за овој тренд е поранешната девојка на Бред Пит, Џенифер Анистон, чии фризури постојано се копираат на сите делови од планетата, но и поп иконата Бијонсе која на доделувањето на Греми наградите се појави токму со боб фризура.

Маркетинг

Секако дека не треба да ја заборавиме и Викторија Бекам, која е една од првите славни фаци со карактеристична боб фризура, која предизвика многу девојки да одлучат да ја скратат косата. Од тогаш поминаа неколку години, а боб фризурите се се уште на врвот на листата на најмодерни фризури.

А сега ред е на нас!

Маркетинг

пронајди ја твојата совршена боб фризура? »

Па, кога овие фризури ги носат најголемите ѕвезди, само прашање на време е кога тие ќе направат камбек и кај нас и ќе се појават како кај нашите ѕвезди, така и кај обичните девојки што ги среќаваме на улица.

Оваа фризура за пролет 2014 ни доаѓа во две варијанти – „соб“ и „лоб“, односно „short bob“ и „long bob“ . Краткиот боб – соб – завршува под ушите, во линија со вилицата. Денес една од најистакнатите претставнички на оваа фризура е Мишел Докери, додека низ годините оваа фризура можеше да се види кај девојки како Алекса Чунг и Камерон Диаз.

направете боб фризура за само две минути »

Лоб или долгата боб фризура е малку подолга варијанта и може да биде до рамењата. Ваква фризура носи кандидатката за годинешниот Оскар за главна женска улога, Кејт Бланшет, како што можеше да се види на нејзиното појавување на доделувањето на Златниот глобус. Покрај Кејт, ваква фризура во последно време носат и Рис Витерспун, како и Лили Колинс, Џенуари Џонс и Кејт Босворт. Интересно е тоа што оваа фризура можете да ја направите и без да ја скратите косата, така што ќе направите лажен боб – свиткајте ги краевите на косата и прицврстете ги со шноли.

фризури што треба да ги проба секоја жена »

Оваа фризура е одлична кога ви е потребна промена, особено доколку почнувате со нова работа или пак сакате моментално да се почувствувате пософистицирано. Доколку вашата коса е убаво потстрижена во боб фризура, со малку труд секој ден можете да имате нова фризура. За посериозен изглед израмнете ја и исправете ја косата, а за поопуштен варијанта додадете пена на краевите и исушете ја косата гужвајќи ја со рацете.

Кои девојки треба да внимаваат со боб фризурите

Доколку имате квадратно лице, треба да ги избегнувате рамните линии и острите форми, бидејќи тие уште повеќе ќе ја истакнат брадата. Но, затоа можете да пробате лоб фризура! Исто така и доколку имате округло лице, подобра варијанта е лоб, отколку соб, затоа што натапираните фризури и боб фризурите до рамениците го шират лицето.

фризури според обликот на лицето? »

Повеќе за ова видете тука.

Ова е ИТ фризура за пролет 2014, но прашањето е – соб или боб?

Што и да одлучите, земете во предвид дека боб фризурата и дава шик изглед на секоја девојка, па зошто да не и на вас. Направивме интересна галерија со најубавите боб фризури на холивудските ѕвезди, па ве покануваме да ја разгледате и да се обидете да најдете инспирација за вашиот совршен боб.

ИТ фризура за пролет 2014 – соб или боб? »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button