Коса

Девојки испратете ни слика со вашата омилена фризура!

Advertisement

Колку од вас сакаат да објавуваат убави слики на Твитер или да ги постираат на Фејсбук?

Advertisement

А дали тоа некогаш сте го направиле со слика на која се гледа вашата убава фризура или шминка? Дали ги одобрувате таквите слики што редовно ги постираат некои ваши пријателки?

Кога сето ова го прават славните девојки, како на пример Ријана или еве на пр. кај нас, на балканските простори, тоа редовно го прави Карлеуша, луѓето го одобруваат тоа, а воедно и се интересираат да ги видат овие фотографии. Но, најинтересни се оние што даваат негативни коментари под секоја слика. Тоа најчесто се луѓе за кои претпоставуваме дека постојано си мислат нешто како ова:

И што сега? Зошто овие девојки постојано објавуваат фотографии од самите себе? Зарем не им е здодевно од тоа луѓето постојано да зборуваат за нив колку се убави и секси?“

Advertisement

Епа одговорот на ова прашање секако дека е – НЕ! Не постои девојка на која не и е убаво кога останатите зборуваат дека е убава, особено ако тоа го прават многу луѓе. Се согласувате со ова, нели?

Претпоставуваме дека некои од вас веќе го имаат доживеано ова искуство, т.е. не сте сите срамежливи и понекогаш ќе споделите по некоја лична фотографија на својот профил, и некој „сеирџија од маало“ или сеирџика, сеедно, ќе напише нешто што може малце да ве изнервира. Но, кој ги „шиша“ таквите ликови, особено сега, кога ете, со само еден клик „Remove“ сте ги избришале од ѕидот и тоа засекогаш.

Ако има некоја таква девојка меѓу нас, што не чита во моментот, односно претставничка на понежниот пол на која воопшто не и пречи кога другите зборуваат за неа колку е убава и секси, тогаш би ја замолиле таквата девојка да ни испрати некоја фотографија како нејзин предлог кој би можеле да го споделиме со останатите.

Еве, за почеток нека биде тоа некоја слика како предлог за шминка и фризура за новогодишната ноќ. Спакувајте ја и испратете ни ја во нашиот инбокс (тоа значи дека не мора да и ставате парфемче), па да видиме што мислат и останатите за вашиот предлог. Ајде девојки, да се забавуваме малку, особени сега кога сме на само недела-две пред најлудиот празник во годината!

Па, што мислите за ова? Интересна фризура и шминка, нели? :)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button