Доделуваме сет шминки од SEVENTEEN за да заблескате како вистинска ѕвезда за празниците
Шопинг магазинот Штипка во соработка со SEVENTEEN ќе додели сет шминки со кои можете да направите целосна шминка за новогодишните празници како на оваа фотографија.
„Шминкањето треба да преставува задоволство, а откако ќе се нашминкате, наоружајте се со насмевка и неминовно ќе бидете ѕвезда на секоја прослава.“ Маркетинг |
Се наближува сезоната на празници, па зошто за најлудата ноќ во годината да не изгледате како вистинска ѕвезда?
Со помош на соодветна маскара, пудра, сенки, руменило и добар кармин можете да изгледате како вистинска убавица и да бидете подготвени за вистинска новогодишна авантура. Можете да ја употребите течната пудра Natural Velvet Longlasting Matte Foundation за да обезбедите совршена основа, со максимална покриеност и долготраен ефект. Осветлете ја областа околу очите, јаболчниците и по должината на носот со Ideal Cover Concealer No. 01. Нанесете руменило Natural Matte Silky Blusher No. 13 на јаболчниците, а доколку сакате да имате свеж изглед и блескава кожа ставете камена пудра Pearl Finishing Powder која содржи природни бисерни честички.
„Новогодишните празници дозволуваат многу гламур и екстраваганција, затоа не треба да се плашите да ги нагласите очите…“ |
Руменило Natural Matte Silky Blusher и две сенки – Star Sparkle Shadow и Silky Shadow Satin од SEVENTEEN
Нанесете ја сенката за очи Star Sparkle Shadow No. 504 во „smoky“ линија на долниот дел од окото, истакнувајќи го надворешниот агол. Потоа нанесете ја сенката Silky Shadow Satin No. 218, сенчајќи од внатрешниот кон надворешниот дел на окото, а зa 3-D ефект на вашите трепки ставете црна маскара X-Traordinaire No. 01.
„Умереноста е важна, но секако и трендовите, па затоа ве советуваме за оваа сезона да изберете кармин во боја на темно црвено вино и лак за нокти кој ќе одговара со сенката на вашите очи.“ |
All Dat Lip Color No12
Ви предлагаме оваа сезона да ја пробате новата темно црвена нијанса (No 12) на долготрајниот кармин ALL DAY LIP COLOR од Seventeen. Карминот не остава траги, не ги дехидрира усните и не содржи парабени, а ќе остане на вашите усни преку целиот ден. Созаден е за дами кои сакаат да имаат гламурозна, фантастична и елегантна празнична сезона.
Нокти – Supreme Nail Enamel No 151
Комбинирајте го празничниот изглед на ноктите со лак Supreme Nail Enamel No 151 кој совршено одговара со блесокот на вашите очи.
KАKО ДО ПОДАРОKОТ? Севентин и Штипка во подаруваат сет шминки – кармин All Day Lip Color, X-Traordinarе маскара, руменило Natural Matte Silky Blusher No. 13, компактна пудра Pearl Finishing Powder и две сенки за очи – Star Sparkle Shadow No 504 и Silkѕ Shadow Satin No 218. Aко сакате да го добиете подарокот станете пријател со SEVENTEEN на Фејсбук, а потоа скокнете на нашата официјална страна на Фејсбук (види тука) и напишете во коментарите зошто токму вие треба да ги освоите овие прекрасни производи. |