Доколку сакате да изгледате како Французинка ова никогаш НЕ требе да го носите!
Французинките се тие кои најдобро го читаат ракописот од книгата на безвремениот елегантен, префинет и шик стил.
Тие никогаш не би носеле преголем фустан кој ги уништува контурите на убавото женско тело, ниту пак сакаат слепо и максимално да ги усвојат новите трендови. НО, токму затоа има нешто елегантно, посебно и префинето во француската мода. Потребен ви е пример? Па само сетете се на модерните музи како Емануел Алт, Џулија Рестон-Ротфајлд, Шарлот Гинсборг, Марион Котилард…
Или пак, на преубавата Моника Белучи…
Па, во име на француската модна недела решивме да пропатуваме низ париските street-style комбинации и да дефинираме водич кој би ни послужил како насока како да го достигнеме тој познат француски look. Избегнувајте го сето она што ви е напишано подолу доколку сакате да го совладате нивниот стил.
Бои
Доколку планирате да се облекувате како девојките од Париз, тогаш почнете да ја практикувате фразата „а дали тоа може да се најде во црно?“
Превисоки потпетици
Па, дали некогаш добро сте погледнале како изгледаат улиците во Париз? Екстремно високите потпетици се вистинско лудило да ги носите во град со нерамни стази и улици. Да, тоа е главната причина поради која што убавите Французинки најчесто носат приземјени чизми до глужд или балетанки.
Разумен принт
Кул и кич дезени, како и калеидоскопските шари не се баш добредојдени во овој град. Французинките повеќе преферираат суптилни принтови, како на пример ригите кои се апсолутен хит за оваа сезона.
Брза мода
Наместо нешто евтино и за кое што сте сигурни дека го има на залиха, а воедно е трендовски претенциозно, француската жена секогаш се обидува да најде парче во кое вреди да се инвестира и кое е безвременско.
Оверсајз парчиња
Наместо слепо да прифатите „оверсајз“ парче позајмено од машките плакари, во францускиот „вајб“ станува збор за преубаво прилагодени јакни кои се во игра со колковите и со карактеристични струкирани раменици, голем ревер и неколку детали како златни копчиња или кожени елементи.
Шапка
Додека кај нас некои жени сакаат стејтмент шапки и шешири, „федора“ шеширите се задолжителен дел од униформата на секоја француска жена, но секако, во црна боја, впрочем како и на сликата тука. :)
Тренч мантил, но само со вистинска облека
Отворете ги плакарите на било која Французинка и ќе видете дека нивните „тренч“ мантили се подготвени. Тие самио чекаат да бидат вклучени во играта. Но треба да внимаваме со што ги носиме, односно не заборавајте дека тие се носат со потопли парчиња, и кога времето го дозволува тоа.
Откачени кошули
Доколку сакате да изгледате како Французинка, одберете едноставна бела кошула. Откопчајте едно или две копчиња, и избегнувајте ги парчињата кои се прегласни!
Соодветни парчиња
Француската жена е горда на тоа што има око и чувство за пропорции. Таа знае што одговара на нејзиното тело, и како да ги претворат трендовите во аутфит кој ќе изгледа како да е создаден токму за неа. Следете го ова правило и ќе бидете на добар пат да ја совладате познатата француска естетика.
Ниту еден тренд не е вечен, освен францускиот шик
Не дека париската мода е со поминат рок, но доколку сакате потполно да го скинете тој познат француски стил, избегнувајте се што е премногу трендовскок и кое што се обидува да се наметне како класично, но со модерен призвук!