Од лобутинки, до секси чизми до глужд – од нејзините обувки и високи потпетици ќе ви се заврти во главата!
Позната како девојка која има изострен вкус за мода и која никогаш не прави грешки кога се комбинациите во прашање, Тејлор Свифт станува сериозна „закана“ за другите девојки во Холивуд.
Лобутинките на Гвинет Палтроу » Маркетинг |
Ги обожаваме нејзините гламурозни вечерни тоалети, коктел фустани и модните додатоци кои гордо ги носи на црвениот килим, но и нејзината безобразно богата колекција чевли на која сме и љубоморни. Нејзините розови лобутенки оставаат без здив, па потполно ја разбираме што ги сака толку многу што со нив оди дури и во теретана. Кога би го имале овој пар, најверојатно и ние би имале милион причини да го правиме истото.
Покрај долгите елегантни нозе и кратките фустани, на оваа жена фантастично и стојат високи потпетици, особено оние кои се со потписот на Џими Чу.
Џими Чу …
Таа има посебно изострен вкус и кога се чизмите до глужд во прашање, особено ако се во „марсала“ боја која е апсолутен хит за 2015.
Таа е позната и по тоа што ги сака „винтаџ“ моделите, особено моделите од брендот „Vintage Shoe Company“ и ја користи секоја пригода да ги носи истите.
Па, дали ви се допаѓа нејзината колекција?