Реклама
Интервју

Интервју со Елена од Shybutsecretlyfab: Не ги сакам Birkenstock сандалите!

Реклама

Елена Василевска е 17 годишна девојка од Скопје која го води блогот shybutsecretlyfab.com веќе 2 години.

Таа се опишува себеси како перфекционист кој ужива да се препушта во музиката,читање и Инстаграм.

Маркетинг

Од кога датира твојата љубов кон модата и како се случи да започнеш со твојот моден блог?

Маркетинг

„Носете го тоа што сакате, без разлика дали прави да изгледате послабо или подебело или пак ниско или високо.“

 ЕЛЕНА: 

Тешко е да се каже, уште од малечка секогаш кревав глас за тоа што сакам да носам. Да, имаше голема доза на розева боја, многу шнолички и сукњички хаха. Идејата за блог ја добив уште од основно, кога дознав што всушност е блог и почнав интензивно да пребарувам различни блогови и бев фасцинирана со нив. Но, дури пред 2 години собрав храброст да започнам мој, најмногу инспирирана од македонските блогови и фактот дека не сум единствена која размислува за ова како хоби или потенцијално нешто многу повеќе..

Која е пораката која сакаш да ја испратиш до твоите посетители?

 ЕЛЕНА: 

Пораката која сакам да ја испратам преку мојот блог и тоа што го споделувам на него е на сите да ни биде удобно во своја кожа. Носете го тоа што сакате, без разлика дали прави да изгледате послабо или подебело или пак ниско или високо. Јас имам пораснато толку многу како личност преку блогот, научив да не се грижам за тоа што другите мислат за тоа што јас го носам – ако мене лично ми се допаѓа, тогаш сечие друго мислење не е толку важно.

Како би го опишала твојот стил?

 ЕЛЕНА: 

Да ми го поставевте ова прашање пред една година мојот одговор ќе беше girly со многу пастелни бои, но моментално тој е баш спротивното. Стилот расте заедно со мене, се менува секојдневно и едноставно не можам да се задржам на еден начин на облекување. Понекогаш сакам да носам розеви женствени фустанчиња, понекогаш кожени конверс патики, а понекогаш тие две работи заедно. Претпоставувам се уште го барам, но искрено не се брзам да го најдам.

Кои се твоите омилени брендови?

 ЕЛЕНА: 

Од тие кои ги има во Македонија, дефинитивно Pull&Bear. Моментално најмногу се пронаоѓам себеси во парчињата кои тие ги имаат во своите последни неколку колекции. Од странските, многу ми се допаѓаат American Apparel, Brandy Melville и Topshop.

Дали ги следиш трендовите и кој од нив планираш максимално  да го „експлотираш“ во наредната сезона?

 ЕЛЕНА: 

Да, ги следам трендовите и за сега има неколку кои ми имаат оставено добар впечаток, но најмногу би сакала да пробам да ги вклопам ресите во мојот стил. Ресите за мене се многу бохо и кежуал. Најмногу ми се допаѓаат чантите со реси кои се носат преку рамо, преслатки ми се. Исто така, многу ми се допаѓа транзицијата која се случува во однос на накитот – големите стејтмент ланчиња полека се заменуваат со сосема спротивното, мали деликатни ланченца кои најчесто се носат како комбинација од пократки и подолги.

Дали постои некој тренд што го мразиш и кој никогаш не би го носела?

 ЕЛЕНА: 

Трендот кој беше многу голем минатата година и кој ме натера да се запрашам дали јас сум единствената на која не и се допаѓа – Birkenstock сандали. Сите модни брендови направија свои верзии на овие сандали, но на мене ми останаа неверојатно антипатични, без разлика дали се со црна кожа или животински принт.

Кое е твоето омилено модно парче на кое му се навраќаш постојано и кое те спасува од оние ситуации кога не знаеш што да облечеш?

 ЕЛЕНА: 

Модно парче кое дефинитивно ме спасува е црниот шешир кој го купив во Септември минатата година од ДукиДасо. Прави и најобичната комбинација од типот маичка/фармерки да изгледа многу кул. Да можам би го носела 24/7 но морам да земам во предвид дека најверојатно ќе им се здосади на моите читатели, така да пробувам да направам некој баланс хаха.

Кои се твоите фаворите меѓу македонските дизајнери?

 ЕЛЕНА: 

Прва на листата ми е Ирина Тошева, не само поради тоа што нејзините парчиња се нешто што јас тотално би го купила, туку и поради тоа што таа ги поддржува македонските блогери и тоа многу ми значи. Исто така од колекциите кои имав шанса да ги проследам од последниот FWSK многу ми се допадна и Јован Петровски – целиот vibe на неговата колекција беше многу edgy и темен, и мислам дека беше вистинско освежување (колку иронично тоа и да звучи).

Која е твојата омилена модна икона?

 ЕЛЕНА: 

Модна икона немам, но дефинитивно имам инспирации од блогерските кругови. Најмногу ми се допаѓа стилот на Isabella Wight oд блогот www.viewsofnow.com Oд комбинациите, до сликите и презентацијата на самиот блог.

Кои се бутиците кои мораш да ги посетиш кога одиш во шопинг?

 ЕЛЕНА: 

Дефинитивно Pull&Bear (кој погоре го споменав), Stradivarius и Bershka. Тие три продавници ми се светото тројство хаха.Исто така сакам и second hand продавнички, но кај нас нема голем избор. 

Каква музика слушаш и која е песната која ти се врти низ глава овие денови?

 ЕЛЕНА: 

Иако имам омилен жанр на музика, сепак не дозволувам да се ограничувам само на едно исто. Без разлика дали е рок или поп, ако ми се допаѓа песната ќе ја слушам (и тоа на repeat 1 недела хаха) Моментално најмногу ми се допаѓа песната W2TW (Welcome to the winter) од младата британска пејачка Raye. Дефинитивно препорачувам да се преслуша целиот нејзин албум.

Дали твојот живот се промени откако започна со блогот и кој е твојот совет за сите девојки кои сакаат да започнат со блогирање?

 ЕЛЕНА: 

Дефинитивно се има променето, понекогаш се прашувам Што би правела сега да го немав блогот? Имам добиено многу можности кои не секој би ги имал, и имам склопено многу пријателства преку блогот. Успеав да ги најдам совршените истомисленици, кои ги гледам како пријатели за цел живот. А мојот совет за девојките кои сакаат да направат свој блог е да не чекаат. Ако модата е нешто што навистина ве интересира и имате страст, тогаш едноставно ризикувајте. Немате што да загубите. Ако се плашите дека немате професионален апарат или дека изгледот нема да ви биде најдобар запаметете – Добра фотографија и добар дизајн на блогот се важни, но сите мораме да започнеме од некаде.

Посетете го модниот блог на Елена тука »

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button