Дали ве фаќа паника на идејата да ставите вештачки трепки?
Па, нека не ве фаќа! Лажните трепки може добиле лоша репутација, но тие се најдоброто нешто за креирање примамлив изглед на забави.
Да, заборавете преземање совети за вашиот стил од Кејти Прајс (тоа не е изгледот кон кој се стремиме) и свртете се кон Џенифер Лоренс која е кул без никаков напор и кон супер-шик Роси Хантингтон-Витли, кои носат трепки како што треба – дискретно.
Еве како се ставаат:
1. Извадете ги внимателно од пакувањето со пинцета бидејќи вештачките трепки се многу деликатни. Измерете ја должината во однос на окото – една големина не одговара на сите – и ако се предолги, пресечете ги со ножички за нокти. Намотајте ги трепките околу молив или нешто слично за нежно да се поткрши граничникот, па ќе одговараат на обликот на вашиот очен капак.
2. Покријте го граничникот на трепките со лепак кој се продава во комплетот и почекајте неколку секунди да залепи. Не грижете се ако лепакот изгледа неуредно кога се става, бидејќи ќе биде в ред кога ќе се исуши. Потоа, гледајќи надолу во огледало, поставете ја вештачката трепка врз надворешниот раб на окото.
3. Потоа, притиснете надолу врз горниот раб од вашите трепки. Употребете стапче со памук за да притиснете токму врз основата на вашата природна линија на трепките за подобро да се залепи.
4. Ставете ја и другата вештачка трепка, а потоа ставете многу маскара на вашите природни трепки за да се сврзат со вештачките.
И, ете, подготвени сте за излагање!
Извор: Мирор