Сакате да направите вкусен десерт кој нема да ви одземе многу време и со кој пријатно ќе ги изненадите пријателите или семејството?
Наш совет е да пробате да ги направите чоколадни коцки без брашно кои ќе ги направите за само 30 минути, а ќе добиете вкусен десерт за 12 луѓе.
Состојки
Крем сирење – 120 гр
Како прав – 2 лажички
Шеќер – 2 лажички
Јајца – 6
Чоколадо за готвење – 250 гр
Слатка павлака – 100 мл
Млено чоколадо – 200 гр
Подготовка
Одвојте ги белковините од жолчката, па потоа со шеќер измешајте ги белковините и направете цврста пена. Чоколадото стопете го на пареа, а кога ќе се излади додадете крем сирење, какао во прав и жолчки. Сето убаво измешајте го и соединете со цврсто измешаните белковини.
Ставете во тава со големина 32х20 која претходно треба да ја обложите со хартија за печење, а потоа да ја ставите смесата. Рерната нека биде загрена на 180 степени, па ставете го колачот да се пече 15-на минути. Со дрвена чепкалка за заби проверете дали е печено, па извадете го од рерната.
Оставете да се излади, но не сосема. Додека се лади изматете слатка павлака и млечно чоколадо стопете на пареа. Соединете ги и прелијте преку колачот. Нека остане во фрижидер барем 2 часа, а потоа исечете на коцки и послужете.