Пријавете се на Основен курс за Гел метода коj што гo организира MAGNETIC NAIL ACADEMY во Скопје и Битола.
MAGNETIC NAIL ACADEMY
Доколку сакате да бидете во тек со најновите модни трендови пријавете се на обуката и курсот што ќе ги одржат професионалните едукатори на Magnetic Nail Academy паралелно и во Скопје и Битола. Курсевите ги препорачуваме за сите кои сакаат да започнат кариера како Техничари на нокти или веќе започнале со работа, но не се сигурни во своето знаење и практична работа.
Што добивате:
Со посетата на нашите курсеви добивате професионална обука, теоретско знаење и практично искуство од професионални едукатори за нокти. Добивате сертификат за учество на основен курс. Сите производи за работа се обезбедени за времетраењето на курсот. Обуката се изведува на вештачка рака.
Добивате 10% попуст на производите на МАГНЕТИК.
ОСНОВЕН КУРС ЗА ГЕЛ МЕТОДА
Пријавување и информации на 02 31 30 008 (СKОПЈЕ) и 047 234 001 (БИТОЛА) |
Основниoт курс за гел метода кој го организираат професионалните едукатори на MAGNETIC NAIL ACADEMY е составен од два дела – теоретски и практичен. Во теоретскиот дел е опфатено: Анатомија на нокти, болести на нокти, работни материјали и одржување на хигиена, карактеристики на производите за надградба на нокти.
Со практичната работа е опфатено: Мал и голем маникир, припрема на природен нокт и лепење на гипс, нанесување на гел и гелирање на природен нокт, лиење на шаблони и техника на турпирање, корекција и репарација на скршен нокт, продолжување на ноктна плоча, изработка на модел и практична работа на модел.
Времетраење на курсот – вкупно 40 часа (односно 10 дена х 4 часа), од 09 до 20 март 2015 г. и ќе се одржува истовремено во Скопје и Битола. Краен рок на пријавување два дена пред одржување на курсот.
Пријавувањето е во тек!
Повеќе за курсевите на MAGNETIC – NAIL ACADEMY
прочитајте тука »
Станете FB пријател со MAGNETIC NAIL ACADEMY {JFBCLike url=https://www.facebook.com/pages/Magnetic-Macedonia/215013851971891?ref=hl layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right} |