Реклама
Нега и здравје

Масажата на лицето е исто толку важна против стареење како и производите што ги користите. Ова е причината зошто…

Реклама

Секако дека производите што ги користите се делотворни, но без соодветна масажа на лицето, може да си го трошите времето. Еве пет техники кои ќе ви помогнат да си ги вратите годините…

Маркетинг

Има причина зошто вашата кожа изгледа толку добро по масажа. Еден час внимателна масажа на лицето ќе направи чуда за уморна кожа или кожа што старее – од лифтинг и зацврстување до смирување. Но, не треба секогаш да појдете кај професионалци кога ќе сакате да ги искористите придобивките од еден час долг третман. Постојат трикови и совети што можете да ги користите дома за да ги почувствувате истите резултати. Земете ги нашите стручни совети како на природно затегнување на лицето – затоа што токму ова вистинската масажа го прави за вашиот тен.

Како што старееме, нашата кожа ја губи способноста да ги надомести изгубените клетки, што резултира со свиснување на кожата и со брчки. Иако одредени хидратанти за анти-стареењето се добар почеток кога ќе ги забележите првите знаци на фини линии, една масажа на лицето навистина ќе ѝ ја поврати убавината на вашата кожа.

Оние што се по убавината се колнат во масажата на лицето и кога ќе размислите низ што ѐ поминува кожата во еден ден, ќе заклучите дека е добро да ја почестите со нежно внимание. Следете ги нашите лесни совети како да го израмните лицето со релаксирачка масажа…

Маркетинг

Издвојте ги свиснатите делови од кожата: Не верувајте на огласите – масажа на лицето во кружни движења само ја влече кожата, без воопшто да ги активира мускулите. Мускулите на лицето, всушност, се наредени дијагонално во согласност со вашите јаболчници, па затоа долги, дијагонални потези нагоре ќе ги активираат и ќе ја затегнат кожата.

Тапкајте ги потечените делови: Ако се разбудите со надуена кожа, почнете со лесно тапкање. Тоа ќе го стимулира лимфниот систем, кој се наоѓа веднаш под површината на кожата и ќе се ослободи од вишокот течност. Продолжете со тапкањето накај ушите каде лимфни јазли се наоѓаат за да ја исчистите сета кожа.

Добар како нов врат: Сте помислиле ли дека треба да го масирате вратот со нагорни потези? Погрешно, всушност масирањето надолу го ослободува од вишокот течност што се собира.

Масло за лице: Серумите исчезнуваат премногу брзо, па затоа ви треба масло за лице. Не плашете се, маслата ја балансираат кожата па дури и ако имате мрсна кожа ќе ја осетите користа за миг.

Елиминирајте ги подочњаците: Секогаш правете потези од внатрешноста на очното јаболко кон надвор. Ако тоа го правите на погрешен начин (т.е. обратно), очните кесички може да станат и уште полошо.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button