Нега и здравје

Посетувајте го почесто вашиот Фејсбук профил бидејќи тоа го намалува нивото на стрес

Advertisement

Една нова студија од Истражувачкиот центар „Пју“ покажа дека користењето на Фејсбук и Твитер, всушност, може да го намали стресот – особено кај жените.

Advertisement

Ова е во спротивност со најновите трендови за фокусираност, медитирање и ’исклучување’, при то се обидуваме да најдеме среќа со правење пауза од постојаното користење на социјалните медиуми.

Но, истражувањето на „Пју“ откри дека редовната посета на Фејсбук и Твитер, всушност, го намалуваат стресот кај жените за 21%. “Редовно” користење се состои од проверка на Facebook и Twitter неколку пати на ден, објавување неколку фотографии и испраќање и примање до 25 пораки на ден.

Изненадени? Изненадени беа и истражувачите кои изјавија дека ја започнале студијата во очекување да добијат целосна спротивност. „Мислевме дека истражувањето ќе потврди дел од конвенционалната мудрост“, вели Ли Реини, директор на истражувачката група. „Наместо тоа, студијата вели нешто друго.“

Advertisement

Кит Н. Хемптон, професор по комуникации на Универзитетот „Рутгерс“и главен автор на трудот, рече дека социјалните медиуми обезбедуваат „корисна комуникација“ каде што луѓето лесно може да останат во контакт со пријателите и семејството. Поголема е веројатноста жените да се активни на социјалните медиуми, споделувајќи мислења и фотографии и, без разлика дали тие се позитивни или негативни, се докажа дека тие го намалуваат стресот, иако истражувачите не можеа да утврдат зошто.

Без оглед на причината, зарем ви треба уште повеќе изговори за да го објавите видеото за симпатичното маче на Фејсбук во моментов? Или пак намалете го нивото на стрес така што ќе ја разгледате нашата фејсбук страница и да пронајдете нешто што ќе ве интересира, а што сме го објавиле во изминатиов период.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button