Реклама
Нега и здравје

Нов тренд меѓу жените – кревање тегови без зголемување на мускулите

Реклама

Порано вежбањето за жени беше ограничено на носење ленти за потење, вежбање аеробик и можеби малку пилатес, за посреќните.

Мила Макинтош

Маркетинг

Сега, во 2015 година, изникнува еден сосема нов „тренд“ за девојките – дигање тегови. Токму така, избегнуван долго време подеднакво и од жените и тренерите од страв да не се стане „подебела и потешка“, а благодарение на растечкиот контингент на фанови на славни личности како Мили Макинтош, вежбањето со тегови е ВЕЖБА која треба да се прави.

Сме забележале на Instagram група старлети со завидни тела како вртат „кettlebells“ (тегови во вид на чајник) – дури и приврзаничката на цеден сок и јога, Миранда Кер, прави некои сериозни клекнувања со тегови. Плус, Камерон Дијаз им даде зелено светло на теговите во нејзината нова книга „Книга за телото“, во која им оддава признание за нејзиното витко тело. Значи, која е оваа фрка околу теговите одеднаш?

Маркетинг

{youtube}hAGfBjvIRFI{/youtube}

Далтон Вонг, еден од најпознатите тренери на славни личности, изјави за Graziadaily, „Вежбањето со тегови ја зголемува вашата мускулна маса без масти и на тој начин го добивате тој тонус и грациозен изглед,“ додавајќи дека дури и вежбањето со тегови може да помогне за подобрување на вашата флексибилност.

Карли Клос

„Тоа надворешно оптоварување со тежина може да го присили вашето тело да прави движења во поголем опсег, што е еднакво на подобра флексибилност.“ Значи ете какво витко, силно и флексибилно тело може да ви даде вежбањето со тегови – а не големо, не гломазно, не крупно тело, како што мислат многумина од нас.

Рита Ора

Па, дали би вежбале со тегови како Миранда Кер на оваа слика?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button